13.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаКупувачите, прашуваат каде е математиката ако за „две-три главици кромид, кои чинат...

Купувачите, прашуваат каде е математиката ако за „две-три главици кромид, кои чинат 10 денари, треба да платат 15 денари“?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Граѓаните треба да платат по 15 денари за едно пластично ќесе доколку не сакаат во раце да ги носат доматите, пиперките или јаболките. Најголеми реакции за таканаречените пиљарски ќеси, доаѓаат од постарите лица, кои најчесто купуваат на парче зеленчук или овошје. Дел од купувачите, прашуваат каде е математиката ако за „две-три главици кромид, кои чинат 10 денари, треба да платат 15 денари“?

<

Од Организацијата на работодавачите за „Слободен печат“, велат дека и до нив стигнале поплаки од трговците во врска со забраната за употребата на овие ќеси, па оттука и нивниот став е дека е неопходна измена во Законот за управување со пакување и отпад од пакување, или одложување на неговата примена.

Иницијативата е покренатa од причина што примената на овие кеси е многу ограничена (се работи за мали количества кеси), односно се работи за ќеси кои се користат за мерење на овошје и зеленчук и во овој краток период компаниите од трговијата имаат проблем за воведување на нивна замена – велат од ОРМ.

Тие сметаат дека треба да се одложи нивната примена до 1 јануари 2023 година година или да се промени став 1 од член 10 и да гласи: Се забранува пуштање на пластични ќеси за носење на стоки на пазарот во Република Северна Македонија, со исклучок на многу лесните пластични ќеси за носење на стоки (ќеси за овошје и зеленчук – ќеси за размерување на рефусна стока ).

Министерот за животна средина Насер Нуредини, пак им порача на граѓаните да користат платнени торби за пазарење, појаснувајќи дека за кесите за ѓубре засега нема промена на цената.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...