18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаЗабаваНајскапото сирење во светот се произведува во Србија – Килограм чини околу...

Најскапото сирење во светот се произведува во Србија – Килограм чини околу 1.000 евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Најскапото сирење во светот се произведува во Србија – Килограм чини околу 1.000 евра, а е на 12-то место меѓу најскапите намирници во светот.

<

 

Пуле е магарешко сирење, бело, густо, специфично по својот вкус и мирис и што е најважно, многу е здраво.

Се произведува само во Србија и тоа по нарачка, а се прави исклучиво од магарешко млеко. Килограм од ова сирење чини околу 1.000 евра, што го става овој производ на 12 место на листата на 20 најскапи намирници во светот, пренесува порталот lepotesrbije.rs.

 

 

 

Пуле содржи само еден процент млечни масти. Освен тоа, магарешкото млеко содржи и други вредни состојки кои се губат ако се вари ова млеко. Еден од нив е витаминот Ц, чија концентрација е 60 пати поголема во магарешкото отколку во кравјото млеко. Магарешкото млеко содржи и антиалергени.

Магарешкото сирење е посебно поради неколку причини, првенствено потребни се околу 25 литри магарешко млеко за да се добие еден килограм од ова бело сирење. За споредба – потребни се 10 литри кравјо млеко за да се направи килограм кравјо сирење.

 

Производител на ова сирење е Слободан Симиќ, кој со својот тим фармери произведува сирење од 2012 година, за што е неопходно „златното“ магарешко млеко. Во моментов, повеќе од 200 магариња живеат во природниот резерват Засавица, кој се наоѓа на северот на Србија.

Agrotim.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...