23.9 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаПовелбата „Св. Климент Охридски- Патрон на градот Охрид“ годинава се додели ...

Повелбата „Св. Климент Охридски- Патрон на градот Охрид“ годинава се додели постхумно на Мишко Јузмески, на Гордана Лолеска и на здружението „ЕКО ФАП“ од Охрид.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Повелбата „Св. Климент Охридски- Патрон на градот Охрид“ годинава се додели  постхумно на  Мишко Јузмески, на Гордана  Лолеска и на здружението  „ЕКО ФАП“ од Охрид.

<

До комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија  при Општина Охрид во состав: Перчо Божиноски- претседател, Бојан Михајловски- заменик претседател  и членовите, Горан Стојаноски, Наум Јамандиев и Арбен Демироски  пристигнале осум апликации.

Претседателот на Комисијата , Перчо Божиноски на прес конференција образложи за кои добитници на  Повелбата станува збор .

 

Повелбата се доделува постхумно на Мишко Јузмески, писател, фотограф, културен и туристички работник, научен истражувач, публицист и полиглот. Гордана Лолеска е голем борец и хуманитарец, поддржувач на потребите на пациентите со ретки болести но и лица со хронични болести. Здружението ЕКО  ФАП  е доброволно, противпожарно и хуманитарно здружение. Нивните остварувања и достигнувања се за почит и се од посебен придонес во развојот , напредокот и афирмацијата на Општина Охрид, како во Република Македонија така и во Светот. Апостолското дел и мисија на Свети Климент се должни за почит, но и поука  за сите генерации  дека чувањето на културната, јазичната и националната посебност е исконска должност и аманет  рече Божиноски.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...