23.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаИ Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот не бил сигурен...

И Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот не бил сигурен дали ќе остане на функција !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во однос на поразот на локалните избори, Николовски рече дека граѓаните избираат проекти и луѓе кои се за општините и дека пред само 11 месеци, како шеф на централен изборен штаб, извојувал голема победа на СДСМ и коалицијата, која денеска е зголемена

<

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска не прецизира дали ќе остане на функцијата и во новата влада.

Во изјава за медиумите, Николовски рече дека е најважно што државата останува на патот на евроинтегрирањето.

„Целокупната енергија беше фокусирана на обезбедување на стабилно мнозинство, кое што, ќе ги продолжи клучните процеси, кои што се започнати, а тоа е брза трансформација на општеството, европеизација, односно сето она што го имаме преземено како обврска пред граѓаните. Да не се враќаме назад, туку државата да го заокружи процесот на почеток на преговорите и токму во тој наратив и дух е склучениот договор со Алтернатива и обезбедено стабилно и сигурно мнозинство, кое ќе ги продолжи овие процеси во следните две и пол години“,

изјави Николовски.
Николовски посочи дека сè додека е на актуелната функција ќе прави притисок сите проекти и мерки за враќање на довербата на граѓаните во системот да бидат имплементирани.

„Со мнозинството, кое е обезбедено, навистина го осигуривме тој пат. Јас мислам дека тоа е побитно, од тоа дали некој ќе биде на некаква позиција. Во натамошниот период секако дека ќе се отворат и прашањата и за мандатар и тогаш ќе бидат отворени и прашањата за составот, структурата и за перформансот потребен во новата Влада и тогаш ќе разговараме со мандатарот за она што е потребно да продолжиме да го трансформираме општеството“,

додаде Николовски.
Во однос на поразот на локалните избори, Николовски рече дека граѓаните избираат проекти и луѓе кои се за општините и дека пред само 11 месеци, како шеф на централен изборен штаб, извојувал голема победа на СДСМ и коалицијата, која денеска е зголемена.

„Таа коалицијата денеска има зголемен број пратеници во Собранието и ќе продолжи во следните две и пол години без избори да го трансформира општеството, да носи европски вредности, да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат успесите постигнати во изминатите години. Само тоа е битно, ничија друга политичка кариера не е повеќе битна од тоа што треба да го одработиме за граѓаните“,

нагласи Николовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...