31.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаЗабаваБорис Џонсон цело време работи на случајот: На 57 години, стана татко...

Борис Џонсон цело време работи на случајот: На 57 години, стана татко по седми пат.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Британскиот премиер Борис Џонсон (57) и сопругата Кери добија ќерка, 19 месеци откако им се роди синот Вилфред. Ова е седмо дете на Џонсон, а второ со неговата нова сопруга Кери. Веста за раѓањето на бебето ја соопштија од кабинетот на премиерот.

<

„Премиерот и г-ѓа Џонсон со задоволство го објавуваат раѓањето на здраво девојче во болница во Лондон. И мајката и ќерката добри. Двојката сака да му се заблагодари на брилијантниот породилен тим за сета нивна грижа и поддршка“, стои во соопштението.

Премиерот до неодамна одбиваше да одговори на прашањата за тоа колку деца има. Но, во септември за „Ен-би-си“ тој изјави дека има шест деца и дека го очекува раѓањето на седмото дете.

Тој има четири деца со поранешната сопруга Марина Вилер, едно дете родено во 2009 година како резултат на афера со уметничката консултант Хелен Мекинтајр, а сега две деца со неговата сегашна сопруга.

 

За потсетување, Борис и Кери се венчаа на мала церемонија во Вестминстерската катедрала во мај. Нивното прво дете, Вилфред Лори Николас Џонсон, се роди на крајот на април 2020 година, неколку недели откако премиерот беше пуштен од болница каде што беше на интензивна нега со Ковид-19.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...