13.3 C
Ohrid
четврток, јули 10, 2025
ПочетнаМакедонијаЈајцата сеуште не се замрзнати, но за другите производи трговците може да...

Јајцата сеуште не се замрзнати, но за другите производи трговците може да платат и до 10.000 евра казна ако не ја почитуваат одлуката на Владата.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најавува дека на листата на производи со замрзнати цени, покрај основните продукти, можат да се најдат и други производи.
Листата на производи со замрзнати цени најверојатно ќе се прошири. Министерот за економија, Крешник Бектеши, информираше дека Владата размислува да ги замрзне и цените на оризот и јајцата, доколку се увиди дека цените во трговијата на мало и трговијата на големо се зголемиле во текот на ноември, но за производите на кои цената е замрзната а трговците не го почитуваат тоа казните се и до 10.000 евра !!!

<

Државниот пазарен инспекторат на терен. Испекторите проверуваат дали во трговците на маркетите ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на лебот, шеќерот, брашното тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата. Имено, овие производи треба да ги имаат цените од 1 декември, кои не смеат да бидат променети до крајот на јануари следната година. Од Инспекторатот велат дека се проверуваат сите маркети низ државата, а казните за непочитување на одлуката се високи и достигнуваат и до 10.000 евра.

Државниот пазарен инспекторат од 22.11.2021 до 05.12.2021 година има извршено вкупно 1099 контроли и составено 112 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.

Во текот на овој временски период (од 22.11.21 до 05.12.21) извршени се вкупно 1050 надзори, издадени се 224 решенија, од кои 195 решенија за утврдени неправилности и прекуршувања по различни основи по Законот за финансиска дисциплина, а останатите решенија се по основ на други закони во областа на надлежностите на Државниот пазарен инспекторат.

На територијата на Република Северна Македонија понесени се 60 прекршочни пријави по Законот за финансиска дисциплина.

Од страна на државните пазарни инспектори вршени се проверки за почитувањето на мерките и протоколите кои се во делот на нивната пропишана надлежност, а секоја посета на некој објект е во согласност со Законот за инспекциски надзор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...

ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин се бори со огнот!

Скопскит епожарникари со денови постојано вложуваат максимални напори за справување со пожарите на неколку локации во периферијата на градот. Според последното соопштение на ЦУК на...

Вознемерувачко: Детенце од Македонија врзано со јаже на рацете и вратот бидеќи украло пари од продавница !!!!

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео...