15.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаНиту еднаш не сум искористил пари од „ЈП Водовод за да пијам...

Ниту еднаш не сум искористил пари од „ЈП Водовод за да пијам кафе, или да одам во кафана !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Најкатегорично ги демантирам изнесените невистини и обвинувања од страна на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес конференција, реагира Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

<

„Во изминативе четири години ниту еднаш лично не сум искористил средства од ЈП Водовод и канализација – Скопје за кафе, кафеани и ресторански услуги. Само за споредба во 2016 година кога на чело на претпријатието е кадар на ВМРО-ДПМНЕ за спонзорства и донации се потрошени 19.170.983 денари, а во 2021 година се потрошени 2.235.170 денари, средства кои се искористени за потребите на синдикатот на претпријатието со што се изврши реновирање на одмаралиштето во Претор кое го користат вработените на ЈП Водовод и канализација – Скопје“, вели Весковски.

Додава дека никогаш во изминативе четири години не користел службен мобилен апарат и не трошел средства на претпријатието за набавка на скапи мобилни телефони.

„Согласно извештајот за работењето на претпријатието за период од 01.01.2021 заклучно со 31.09.2021 година ЈП Водовод и канализација – Скопје има остварено добивка во висина од 59.033.858 денари. Како во изминативе три години така и оваа година извршена е ревизија за работата на претпријатието од страна на независна надворешна ревизорска куќа која нема забелешки за работата на претпријатието. Ваквите паушални и манипулативни толкувања на извештајот за работата на претпријатието од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и портпаролот Наум Стоилковски се дадени како резулат на внатрепартиската пресметка за избор на директор на ова јавно претпријатие“, подвлекува Весковски.

Вели дека во ниту еден случај нема да дозволи најтранспарентното јавно претпријатие во државата и тој лично да бидат предмет на дневно политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...