3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаЗабаваКристина го има најубавиот задник во Македонија, но зошто го крие нејзиното...

Кристина го има најубавиот задник во Македонија, но зошто го крие нејзиното лице?!

spot_img

Не е естрадна ѕвезда, ниту ТВ водителка, ниту манекенка, топ модел… ама, сепак важи за најжешката Македонка на Инстаграм. Можеби конкуренција и прават единствено Марија Нацева, Ана Стојанова, Едина Муса… Aма сепак…

Скопјанката Кристина Кочова веќе неколку години речиси секојдневно знае да ги израдува своите обожаватели на социјалните мрежи со жешки фотографии.

На фотографиите во преден план најчесто нејзиниот главен адут – нејзиното совршено газе, за кое самата во едно нејзино интервју открива како го извајала и се’ уште го одржува: „Имам 3 омилени вежби за нозе и задник, а тоа се преса, чучњеви и таканаречено мртво дигање.“

Со фитнесот започнала да се занимава пред една цела деценија, на 19 годишна возраст, во 2008 година. По природа била слаба и сакала да ја зголеми мускулната маса. Не сакала да има мускулест изглед на атлета, па затоа внимението го насочила и се’ уште тоа го прави на женските атрибути, од кои нејзиниот задник изгледа како да е извајан од рацете на Микеланџело.

Кристина вели дека внимава да не внесува премногу вештачка преработена храна, а за сметка на тоа внесува што е можно повеќе ензими. Протеините се основни и постојани во нејзината исхрана, додека јаглехидратите и маститите варираат во зависност од формата што сака да ја постигне. Се разбира тренингот и физичката активност се неизбежни, па таа активно тренира 4-5 пати неделно, со тоа што 2 пати неделно ги тренира нозете и 2 до 3 пати горниот дел од телото.

„Според моето искуство, после 1-2 месеци почнаа да се забележуваат резултати од тренинзите на моето тело, кои ги забележував и јас и другите околу мене. Затоа сметам дека секој почетник може да постигне видливи резултати за брзо време, доколку сериозно се посвети на вежбањето, дури и без да користи суплементација. Секако постојаноста во вежбањето е најважна, колку подлого време (месеци, години) се вежба, толку повеќе резултатите се подобри и потрајни што е најважно“ – ќе изјави Кристина во своето интервју за тоа како се доаѓа до совршен женски фит изглед.

Позирањето и фотографирањето на сексапилната скопјанка и е второ хоби. Барем според она што може да се види постирано на нејзините профили на социјалните мрежи. Како и не би било, кога има што да покаже, со што да се пофали, да привлече…

Затоа постираните фотографии на социјалните мрежи како една од девојките со најубави задници, ако не и најубавото во Македонија добива илјадници лајкови.

Особено од машката популација, кај која нејзините фотографии во екстремно мини танга бикини кои постојано ги преферира, кое едвај и да го покрива венериниот брег, буди, воздишки, копнежи, им ја разгорува фантазијата, желбата и еротските соништа…

Интересно е што на скоро сите фотографии лицето на атрактивната Кристина речиси и да не можете да го видите. Ама затоа и тоа како има што друго да се види.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...