6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаТопиме туѓа пластика а нашата ја фрламе во отпад.

Топиме туѓа пластика а нашата ја фрламе во отпад.

Ретките инспекции прават бизнисите да не го почитуваат законот и наместо да се договорат со некоја фирма и да селектираат, со својот отпад ги преполнуваат јавните контејнери. Потоа настапува Комунална Хигиена Скопје која не може да постигне бидејќи има стари, истрошени и нефункционални камиони. Но, на КХС не е да селектира, туку на приватните фирми.

Македонските компании за рециклирање мораат да увезуваат дополнителна пластика од соседните земји за да ги исполнат своите капацитети и да останат профитабилни, додека нашата пластика останува во преполнетите контејнери и завршува во „Дрисла“ или во стотиците диви депонии. Не, ние имаме доволно пластика, но за жал нема кој да ја спроведе до рециклажните центри. Три до пет илјади илегални собирачи и неколку приватни фирми не се доволни за оваа задача, откриваат за Плусинфо Мила Јовановска и Борче Кузмановски од здружението Гоу Грин.

– Рециклирањето не е проблем. Имаме и поголеми капацитети одошто може да се собере пластика во Македонија, дури увезуваме и од Косово, Албанија, Турција и од Црна Гора. Проблемот настанува во собирањето на пластиката. Таа е евтин материјал, но тежок за собирање и неформалните собирачи го собираат не од висока свест туку од егзистенцијални проблеми, за да заработат – смета Борче Кузмановски.

Бавен е патот на ѓубрето и отпадот во земјава, а според Мила и Борче сè започнува со фактот дека не постои добра селекција на она што се фрла. Со нив разговаравме за тоа кој и како има надлежност во овој процес, од обичниот граѓанин, преку фирмите како „Пакомак“ до Комунална хигиена Скопје, зошто кафулињата и малите бизниси не си ја завршуваат работата во селектирањето и ретко се посетувани од инспектори и можеби најгорливото: фактот дека 5.000 тони пластични кеси годишно ја преполнуваат нашата единствена легална депонија.

– Сите останати се диви депонии. Затоа, не можеме да им се лутиме на граѓаните зошто ги користат дивите депонии кога комуналните претпријатија од другите градови во Македонија исто така користат градски диви депонии – додава тој.

Кафулињата не селектираат, КХС има истрошени контејнери
Ретките инспекции прават бизнисите да не го почитуваат законот и наместо да се договорат со некоја фирма и да селектираат, со својот отпад ги преполнуваат јавните контејнери. Потоа настапува Комунална Хигиена Скопје која не може да постигне бидејќи има стари, истрошени и нефункционални камиони. Но, на КХС не е да селектира, туку на приватните фирми.

– Кај нас системот за селекција на отпадот не паѓа на јавните претпријатија туку на фирмите т.н. колективни постапувачи и затоа доаѓа до забуна кога велиме властите не прават ова, или она. Министерството за животна средина ова го пропишува со закон, а Град Скопје и Јавното комунално претпријатие се задолжени само за собирање на колективниот отпад и генерално одржување на хигиената – вели Мила Јовановска.

И приватните фирми не работат со полна пареа. Често се случува рециклажниот центар да се наоѓа на една локација, а отпадот на друга подалечна локација и неговото подигнување бара поголеми финансиски средства. Некои сметаат дека ова може да се реши со тоа што државата ќе ги субвенционира фирмите.

– Приватна компанија сигурно нема да оди во загуба само за да ја заштити животната средина. Таа ќе работи само доколку ѝ е исплатливо да го собира отпадот – додава Борче.

Што станува со стопената пластика?

Амбициозни се плановите на Македонија со отпадот. Ако сè оди како што треба до 2030 година ќе треба да селектираме половина од пакуваната пластика. Тоа сигурно ќе ги растовари маалските контејнери. Но, што понатаму со собраната пластика?

– Зависно од видот на пластиката, таа се топи, се добива регранулат кој потоа се продава на домашни компании кои најчесто се користи за производство на цевки и други пластични производи. И тоа функционира добро. Но, најзастапената пластика, т.н. „П“ пластика од шишињата кај нас се третира како полупроизвод во форма на pet flakes и потоа се извезува во други земји кои потоа од неа произведуваат полиестерски влакна. Кај нас нема такви бизниси, но се оди до полупроизвод – објаснува Борче.

Законот не дозволува да се постават камери на депониите?
Патот на ѓубрето завршува во депониите. А таму, ноќе, роварат дивите фрлачи. Од Гоу грин откриваат дека законот не дозволува да се постават камери за полесно да се следи кој фрла. Ќе најдеме ли некој да ги изгради шесте регионални депонии планирани во идните десет години?

– Градот Скопје едноставно нема доволно инспектори за тие да бидат растрчани на сите места за го контролираат одложувањето на отпадот. Некој ќе рече, дајте да поставиме камери и деноноќно да следиме кој фрла ѓубре. Но, ова не го дозволува моменталниот закон. Не смееш да казнуваш луѓе по основ дека си ги снимил како незаконски одлагаат отпад – заклучува Борче.

Кои се Гоу Грин?
Гоу Грин е здружение основано во 2010 година како младинска организација и има три приоритети: еко-активизам, образование за климатски промени и одржлив развој и инклузија за зелена економија. Тие имаат несекојдневни проекти.
За повеќе детали,Тука
ПлусИнфо

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...