5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаНа патнот правец Дебар-Маврово повторно на истото место се појави џиновски кратер...

На патнот правец Дебар-Маврово повторно на истото место се појави џиновски кратер !!!

На патнот правец Дебар-Маврово, кај селото Долно Косоврасти, делница Дебар-Жировница, сообраќајот се одвива неизменично по оспособена девијација, поради појава на кратер, пропадната дупка на коловозот.

-Кратерот, односно пропадната дупка ја забележа наша екипа во 2:30 часот. Таа се наоѓа на истото место на онаа која беше на 16 октомври. Истата е со длабочина од над 20 и широчна од 6 метри. Сообраќајот го оспособивме по истата девијација, како и пред два месеца. Работиме на пополнување на кратерот со материјал-песок, изјави Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување на макистрални и регионални патишта.

Очекуваме, додава тој, сообраќајот да се нормализира за неколку часа.

Во исто време препорачува внимателно возење на сите патни правци кои се под надлежност на секцијата, поради појава на помали одрони, прилагодување на брзината според условите на патот, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возила.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...