19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаУредникот на ТВ Сител, Марјан Николовски е годинешниот добитник на највисоката државна...

Уредникот на ТВ Сител, Марјан Николовски е годинешниот добитник на највисоката државна награда за новинарство, „Мито Хаџи Василев

Уредникот на ТВ Сител, Марјан Николовски е годинешниот добитник на највисоката државна награда за новинарство, „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ – објави денеска Министерството за култура. Покрај Николовски, награда за достигнувања во новинарството добива и Аделина Марку. Награда за публицистика им се доделува и на Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски

Министерството за култура денеска информираше дека на Филиповски и Кежаровски им се доделува наградата за остварувања во областа на публицистиката, а на Марку и Николовски за остварувања во областа на новинарството.

Одлуката е донесена на 29 ноември на седница на Одборот за доделување на наградата, а на наградените ќе им биде врачена на 21 декември во 12 часот во свечената сала на Собранието на Република Македонија.

Николовски е долгогодишен новинар и уредник во најгледаната македонска телевизија. Важи за одличен познавач на политичките состојби особено на односите меѓу Македонија и Бугарија и еден од најдобрите познавачи на верските прашања меѓу македонските новинари.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...