17.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев до Ковачевски: Од денес ја превземаш партијата, па те молам...

Заев до Ковачевски: Од денес ја превземаш партијата, па те молам да ја чуваш и да ја негуваш партијата како претседател !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Попладнево во седиштето на СДСМ се одржа примопредавање на функцијата претседател на партијата. Поранешниот претседател Зоран Заев, на новоизбраниот претседател Димитар Ковачевски му ја честиташе победата на внатрепартиските избори и му посака успешен мандат.

<

– Претседателе ти посакувам среќа, мудроста ја имаш, да ја чуваш оваа најголема и државотворна партија, да ја негуваш социјалдемократијата, да водиш грижа за единството и да ја чуваш слободата и демократијата во нашата земја, како и во партијата. Посакувам успешен мандат како претседател на СДСМ, да избереш мудро раководство кое ние сите ќе го следиме. СДСМ е столб на државноста, му порача Заев на Ковачевски.

Претседателот Ковачевски му се заблагодари на поранешниот претседател Заев за сиот негов придонес во водењето на СДСМ, но и на Владата во изминатите години, период во којшто земјата стана членка на НАТО и постигна историски успеси.

„Ти благодарам и за мудрите одлуки што ги донесе за партијата, но и за државата, благодарение на кои што денеска земјата е членка на НАТО и сме на прагот на почнување на преговори со ЕУ. Благодарам што оставаш партија во наследство што има најголем кадровски потенцијал. Сакам да ти посакам многу здравје, и среќа во личниот и професионалниот живот” – порача Ковачевски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...