16.8 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаЈП Охридски комуналец со долг од 2.569.964,00 денари за потрошена електрична енергија

ЈП Охридски комуналец со долг од 2.569.964,00 денари за потрошена електрична енергија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

И покрај обидите на претходната локална власт да покаже дека јавните претпријатија во Охрид функционираат во најдобар ред, сепак сликата е поинаква, па голем дел од нив имаат долгови по неколку основи.

<

Па така јавното претпријатие “Охридски комуналец” има долг од 2.569.964,00 денари за потрошена електрична енергија.

Според одговорот од претпријатието на прашањето од ОХРИД 24, долгот потекнува од пред 2014 год. за што имаат добиено извршно судско решение, а почнувајќи од 2015 год. тековно се подмируваат фактурите.

Освен долг за потрошена електрична енергија ова претпријатие должи и кон сега веќе поранешните членови на управен и надзорен одбор, односно претходното раководство на чело со директорот Љупчо Грданоски, не ги исплаќало обврските кон нив.

“Месечниот надоместокот за поранешните членови на управен и надзорен одбор не е подмирен за месеците 8,9,10,11/2021 година и дел 12/2021”, се вели во одговорот на претпријатието на прашањето од ОХРИД 24.

Пред новото раководство и новиот директор претстои предизвик да се сервисираат наталожените долгови и да се подобри финансиската состојба на претпријатието.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...