15.9 C
Ohrid
вторник, август 5, 2025
ПочетнаЗабаваЗатоплете се во овие ладни денови со греано вино по рецепт на...

Затоплете се во овие ладни денови со греано вино по рецепт на Џејми Оливер !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еден од најпознатите светски готвачи, Џејми Оливер, вели дека греаното вино му е омилен пијалак во овој период од годината. Тој го сподели својот рецепт за дома само да направите совршено греано вино. Тајната е во зачините кои создаваат баланс на вкусовите.

<

Ви требаат: 2 мандарини, 1 лимон, 1 лајм, 200 грама шеќер, 6 цели каранфилчиња, 1 стапче цимет, 2-3 ловорови листа, малку морско оревче, 1 стапче ванила, 2 ѕвезди анасон и 2 литра вино.

Изрендајте ја кората на мандарините, лимонот и лајмот на крупни парчиња. Во големо тенџере на средна температура ставете да се вари шеќерот, додадете ги изренданите кори и исцедете ги мандарините. Додајте ги каранфилчињата, циметот, ловоровите листови и нарендајте малку морско оревче. Ванилата преполовете ја по вертикала и додајте во тенџерете, а потоа додадете го виното така да го покрие шеќерот.

Оставете да се вари додека шеќерот сосема не се стопи, а потоа оставете да проврие и оставете така да се вари уште 4-5 минути, додека не добиете густ сируп. Важно е првин да се направи сируп, затоа што шеќерот и зачините треба добро да се загреат. Ако ги загревате откако сте го додале виното, алкохолот ќе испари сосема.

Кога ќе го добиете сирупот, намалете го огинот на тивко и додадете го анасонот и остатокот од виното. Полека загревајте го виното, а после околу пет минути, кога ќе стане вкусно и топло, ставете го во чаши или шолји и послужете.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Меријен Илич која има македонско потекло е трета најбогата жена во светот со 6.9 милијарди долари.

Меријен Илич, сопруга на Мајк Илич, еден од најбогатите Македонци во светот е прогласена за трета најбогата жена. Богатството на Меријен, според „Boardroom“ е...

Министерот Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на „Вести Плус“ порача дека ќе се прекине партизацијата во МВР, а институциите ќе функционираат врз...

РВР бренд му подари уникатни патики на Џејсон Деруло

Светски познатиот пејач Џејсон Деруло, по повод својот прв концерт во Македонија, доби ексклузивен и персонализиран подарок – рачно изработени Nike Air Force 1...

Михаилов: Едно запалено глувче, или запалена опашка на една лисица, може да го рашири пожарот !!

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаилов во гостување во вестите на Сител изјави дека овие месеци видел сешто, па имало случаи кога запалено...