14.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаМила: Учењето мајчин јазик не треба да биде привилегија- Тоа е основно...

Мила: Учењето мајчин јазик не треба да биде привилегија- Тоа е основно право кое треба да биде овозможено секому.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Настава на турски јазик во основните и средните училишта во Северна Македонија посетуваат 8300 ученици односно и за нив образованието до 18-годишна возраст е на мајчин јазик, целосно е бесплатно и постојано се унапредува, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на прославата по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, која ја организираше Сојузот на турските невладини организации во државата (МАТУСИТЕБ) со поддршка од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

<

Таа подвлече дека интенција на МОН и Владата при унапредување на квалитетот на националниот образовен систем била придобивките да ги почувствуваат сите ученици, независно на етничката или каква било друга припадност. Посочи дека МОН вложува во инфраструктурни услови во образованието подеднакво во сите општини, урбани и рурални средини, независно на етничкиот состав на населението.

Учењето мајчин јазик не треба да биде привилегија. Тоа е основно право кое треба да биде овозможено секому. Ако детето учи на јазикот што прво ќе го слушне и најдобро го разбира, тогаш многу подобро ги усвојува наставните содржини и има попозитивен став кон училиштето. Кога децата можат во училиште да го користат својот мајчин јазик, тоа им го олеснува меморирањето знаења и важни информации, како и стекнувањето на низа други основни вештини, рече Царовска на настанот на кој меѓу претставници на државни институции од земјава присуствуваше и претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...