13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаНовогодишни Донации на ЕВН Македонија- Ќе донира пакети со храна.

Новогодишни Донации на ЕВН Македонија- Ќе донира пакети со храна.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За време на новогодишните празници, ЕВН Македонија традиционално донира пакети со храна на Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква. Покрај верските заедници ЕВН во своите редовни филантропски активности низ годината вклучува различни организации кои работат со ранливи категории граѓани.

<

Верските заедници преку хуманитарните организации „Свети Спас“, „ Каритас“ и „Ел Хилал“ ќе се погрижат пакетите со храна да бидат распоредени низ целата земја. Свештениците од хуманитарната организација „Свети Спас“ ќе достават храна до граѓаните кои се во тешка здравствена состојба или пак живееат во далечните рурални средини во парохиите. Пакети со прехранбени продукти кои беа донирани за Католичката црква, „Каритас“ и хуманитарните организации на Исламската верска заедница (ИВЗ) „Хилал“ ќе ги поделат кај семејства во ризик. Поради ситуацијата со корона вирусот и годинава нема да се подготват празнични јадења во народната кујна „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Скопје, но затоа на посетителите ќе им се доделат намирници за време на Нова година и Божиќ.

Празниците се моменти за љубов, радост и спокој, а овие донации имаат за цел да ја збогатат домашната трпеза на оние семејства на кои најмногу им е потребна ваква помош. ЕВН Македонија е одговорна компанија која низ годините контуинирано вложува во проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и се приклучува кон најразлични иницијативи кои ги третираат предизвиците на семејствата од ранливи категории.
Извор:Денар.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...