12.2 C
Ohrid
петок, мај 16, 2025
ПочетнаМакедонијаСамка Ибраимоски најави оставка на функцијата заменик-директор на „Македонија пат“

Самка Ибраимоски најави оставка на функцијата заменик-директор на „Македонија пат“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимовски денеска најави оставка од функцијата заменик-директор на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат“, образложувајќи ја ваквата одлука со тврдењето дека како партија не им биле остварени ветувањата за нивно учество во извршната власт. Оваа одлука е донесена по денешниот состанок на Централното претседателство на ПЦЕР што се одржа во Тетово.

<

– Утре ќе ја депонирам мојата оставка од причини што не се исполнети ветувањата кои требаа да се исполнат кон нашата политичка партија. Втората одлука е сите едногласно по барање на повеќе ромски политички партии утре да имаме лидерска средба со сите ромски партии – да се донесе ромска платформа каде што ќе настапуваме заеднички на следните парламентарни избори. И тоа беше усвоено едногласно. Трета работа остануваме во коалиција со СДСМ се до средбата со новиот мандатар Ковачевски, да видиме кои се неговите мислења во делот на нашата коалиција, односно дали ќе има парче колач од она што е ветено да се даде на ПЦЕР, истакна Ибраимовски по состанокот.

Според Ибраимовски, ПЦЕР како една од најстарите коалициски партнери на СДСМ од осамостојувањето на земјата, сега од новиот мандатар Ковачевски ќе бара поинакво учеството во институциите.

– Требаше да бидам генерален директор на „Македонија пат“, не се исполни тоа ветување и нормално е да се повлечам и да оставам простор некој од членовите на СДСМ да ја преземе таа функција, бидејќи не успеавме на некој начин и политичката ситуација која беше во државата, беа локалните избори, кога требаше да настане таа промена, дојдоа локални избори се одолговлечи времето и јас одлучив да ја депонирам оставката и да останеме во коалиција се до разговор со новиот мандатар Ковачевски, потенцира Ибраимовски.

Првиот човек на ПЦЕР рече дека Ромите во државата се околу 100 до 120 илјади и очекува во пописот да бидат 7 проценти од вкупното население.

– Јас и минатиот попис не го признав, така и сега ако биде процентот ист, нормално дека нема да го прифатам 100 процентно, бидејќи ние ја знаеме бројката на Ромите во Северна Македонија и се што ќе биде под овој сегашен процент ќе биде негативно оценето. Нашите проценки се дека има 100-120 илјади Роми, сега има 2,66 проценти, но по наше треба бидеме над 7 отсто., рече Ибраимовски.

На Конгресот на ПЦЕР во 2019 Самка Ибраимовски доби нов мандат да ја води партијата четири години.
Tv21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Support Kocani објави нови фотографии од изгореници на екстремитети кај младите за да надлежните сфатат колку се сериозни последиците

Граѓанската иницијатива Support Kocani објави вознемирувачки фотографии од тешките изгореници кај младите повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“. На сликите се прикажани изгореници на лице...

Сообраќајна незгода кај Извор-Кичево: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче

Сообраќајна незгода кај Извор: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче Денеска попладне, на регионалниот пат Кичево – Охрид, во близина на селото...

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев: Колку што сум среќен за мојот живот, толку сум и тажен за моите пријатели !!!

Младиот гитарист на ДНК, Горан Тонев покрај Панчо и Ана е третиот член на бендот кој остана жив во пожарот кој ја зафати кочанската...