9.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев пресреќен: Фала ти Филипче за оваа преубава уметничка слика што ми...

Заев пресреќен: Фала ти Филипче за оваа преубава уметничка слика што ми ја подари.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Секој ден не ни беше борба само со корона, туку и организација на здравствениот систем, секојдневни контакти со колегите, консултации за пациенти, долги состаноци за координација, тешки одлуки и лични судбини кои секогаш допираат.. И потоа повторно – нов ден пред нас…, рече Филипче

<

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска му врачи подарок, уметничка слика, на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, за време на церемонијата на доделувањето на благодарници за здравствените работници од Ковид-центрите.

Уметничката слика е од авторот Мерсад Бербер, а му беше врачена на премиерот Заев од името на сите здравствени работници како благодарност за неговата поддршка на јавното здравство во битката со пандемијата.

– Сакам да се заблагодарам на поддршката што ја дадовте на здравствениот систем и здравствените работници. Да се заблагодарам што не кажавте „не“ за барањето за која било инвестиција во здравството. И да се заблагодарам што успеавме, со ваша помош, здравствените работници да ги направиме повторно горди и ценети во нашето општество, рече Филипче.

Министерот Филипче во своето обраќање нагласи дека иако медицинскиот кадар целосно се посвети на борбата со пандемијата во континуитет се вршеа сите итни прегледи и интервенции, а лекови и терапија обезбедуваме во континуитет за сите пациенти.

– Секој ден не ни беше борба само со корона, туку и организација на здравствениот систем, секојдневни контакти со колегите, консултации за пациенти, долги состаноци за координација, тешки одлуки и лични судбини кои секогаш допираат.. И потоа повторно – нов ден пред нас…, рече Филипче во своето обраќање.

Тој додаде дека сите здравствени работници покажаа високо ниво на професионалност, сплотеност и колегијалност и во ниту еден момент не потклекнаа под притисокот.

– Часови поминати во скафандери, секојдневно соочување и со болеста, и со смртта. Здравствените работници не се прашуваа дали сакаат да работат во ковид, дали се самохрани родители на малолетно дете, дали имаат ризик во семејството, дали ги загрозуваат своите најблиски со тоа што секојдневно се во допир со болеста. Вие, не знаевте за одмор, за оддишка, за викенд, слободен ден со семејството, пријателите, вие почитувани колеги знаевте само за едно, и бевте насочени само кон едно – лекување на пациентите. Светската пандемија наметна ново темпо на работа, а во неа здравствените работници немаат работно време, истакна министерот Филипче.

Филипче уште додаде дека последните недели во континуитет се бележи пад на бројот на новодијагностицирани случаи и процентот на позитивни од тестирани, се намалува и бројот на хоспитализирани, а со тоа е спласнат и притисокот врз болниците и дека се надева дека овој тренд ќе продолжи.

– Патот по кој чекоревме заедно изминатиов период беше непредвидлив и тежок на секој нареден чекор, ви благодарам за поддршката и довербата која ја имав од вас, заедно реализиравме многу, на некои проекти дури ни пандемијата не можеше да им го попречи патот. Ви посакувам многу здравје, успех и да опстоите во понатамошните предизвици, потенцираше министерот Филипче во своето обраќање на настанот на кој на директорите на клиниките им беа предадени плакетите за над 8.000 здравствени работници во земјата за нивното пресудно и исклучително важно учество справувањето со последиците од вирусот и епидемијата.

Во име на здравствените работници се обрати и Александра Георгиева, специјализант на Клиниката за кардиологија, којашто упати апел до граѓаните да се вакцинираат, со што ќе им оддадат благодарност на најдобар начин на здравствените работници.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...

Христово Воскресение 2 ден во Дортмунд- Германија

Христово Воскресение 2 ден Дортмунд ____ На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство...

Исчезната е Симона Стојкова- Доколку некој има информации веднаш да пријави во МВР !!!

Краток опис Симона Стојкова има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см и е на возраст од 35 години. Носи наочари и...

Викторија Трајков: Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид...

Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид и околината,...