6.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаКомандантот Владимир Симоновски: Без паника, ние ќе го чуваме градот за Новогодишната...

Командантот Владимир Симоновски: Без паника, ние ќе го чуваме градот за Новогодишната ноќ

spot_img

Дежурствата за Нова година се вообичаена практика за нас. Четири Нови години сум бил на дежурство. Професијата е таква. Некој мора да го чува градот, со насмевка на лицето вели Симоновски

<

Пожар во стан предизвикан од петарди и пиротехника кој, за среќа, бил изгаснат и без жртви е само една од случките што ќе останат забележани како најспецифични во книгата на интервенции за новогодишните ноќи на Противпожарната бригада во Скопје.

Владимир Симоновски, командант на скопската Бригада за противпожарна заштита, вели дека настанот се случил пред некоја година и тоа од возрасно лице кое новогодишната ноќ ја поминало во болница со изгореници.

Но, како всушност изгледа една новогодишна ноќ во Противпожарната единица во Скопје?

Пожарникари подготвени за брза интервенција, вклучен систем за разглас или во два збора – забава на „стенд бај“.

Симоновски вели дека има Нови години кога сѐ поминува во рамките на очекувањата, но имало и ноќи кога интервенциите се случувале еднаподруга.

Како пожарникар работи веќе 24 години. Досега повеќе пати ја дочекал Новата година на дежурство.
– Дежурствата за Нова година се вообичаена практика за нас. Четири Нови години сум бил на дежурство. Професијата е таква. Некој мора да го чува градот – со насмевка на лицето вели Симоновски.

Нова година се честита и преку радиоврска

Симоновски вели дека за пожарникарите, новогодишната ноќ не е многу различна од преостанатите 364 ноќи на дежурства во годината.

– Секоја ноќ е иста, нема разлика дали е новогодишна или обична вечер. Работниот процес почнува во 19 часот. Се прават проверки на опремата и возилата според распоредот на тактичко-оперативниот план исто како и на сите ноќни смени – вели тој.

Дежурството на еден пожарникар на новогодишната вечер е вообичаено како и секоја друга ноќ.
– Нормално, секогаш е проследено со мала новогодишна еуфорија, со повеќе музика и дружба, сѐ додека не се слушне гласот на разгласот од Оперативниот центар, поточно телефонскиот оператор кога дава дојава за случен пожар или за интервенција со точните податоци – објаснува Симоновски.

Дел од колегите на Симоновски ја обезбедуваат и прославата на плоштадот со години наназад.

– Таму го обезбедуваме делот кога се пука огнометот на полноќ – додава тој.
Симоновски вели дека во последниот период иако за новогодишната ноќ не бил во тимот од дежурната служба или не учествувал во интервенциите, сепак, како прв човек на Бригадата, радиоврската за комуникација секогаш му е вклучена.

– Исто како и сите други денови, ги следам сите појави на пожари во Скопје. Но, таа вечер ако е мирно, преку радиоврска на сите дежурни им ја честитам Новата година.

Новата 2019 година била бурна за пожарникарите

Симоновски се потсетува на една впечатлива случка на новогодишната вечер која завршила со позитивен исход. Тоа била 2019 и, како што вели, кога дошол на смената во 19 часот, сѐ било спокојно.

– Денот беше мирен, без некоја поголема интервенција. Ништо не навестуваше дека нѐ очекува бурна ноќ. За само четири часа имавме девет тешки интервенции, каде што имаше опасности за поголеми материјални загуби, а на последната, дури и за човечки живот. Истовремено, имавме предизвик, требаше да пратиме ПП-возило на обезбедување со комплетна екипа на плоштадот каде што се одржуваше концерт и имаше најава за присуство на 50 илјади луѓе. Во тие моменти не гледате дали е Нова година или обичен ден, туку се ставате во функција на професионалноста. Гледате побрзо да се изгаси пожарот и сѐ да е безбедно. Прослава за нас може да има и некој следен ден – раскажува Симоновски.

Фото: фејсбук

Посочува и една случка што му останала во сеќавање, а за која морале брзо да интервенираат.
– Граѓанинот сакал да запали пиротехника од сопствениот балкон, но тоа го направил спротивно на упатствата за употреба, па ракетата од тераса влегла во станот и поминала низ собата. Направила пожар и го повредила. За среќа, помина со полесни изгореници. Можеше да се случи поголема катастрофа, но нашата присебност и брзата реакција не го дозволија тоа – заклучува тој.

Внимателно славење за добро здравје

Сепак, Симоновски посочува дека граѓаните треба да се чувствуваат безбедно и за новогодишната ноќ, како и секој ден во годината.

– Апелираме да внимаваат со употребата на пиротехника и петарди. Тоа најмногу важи за возрасните, кои повеќе од децата сакаат да ги употребуваат овие средства за забава -заклучува тој.

На граѓаните им посакува многу здравје, а потоа и меѓусебно почитување и љубов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...