27.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаБадниковата пештера во центарот на Охрид која наликува на онаа во Витлеем...

Бадниковата пештера во центарот на Охрид која наликува на онаа во Витлеем утре ќе добие црвен тепих на хуманоста

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Големата Бадникова пештера, која наликува на онаа во Витлеем каде што е роден спасителот Исус Христос, и годинава го краси Градскиот плоштад во Охрид.

<

Како и минатата година, поради состојбата со Covid-19 пандемијата повторно ќе изостане Бадниковата поворка, на која најмногу се радуваа децата, во насока на воспоставување традиција на православно празнување на Бадник, со пеење на православни црковни песни. Но, сепак активност ќе има во насока на сплотување со духот, мислите и верата.

Годинава замислата е да има црвен тепих на хуманоста послан пред пештерата во вторник, на 4-ти јануари 2022 година, во периодот од 10:00 до 16:00 часот, каде ќе може да се донира храна и средства за хигиена за социјално ранливите категории граѓани.

Бадниковата пештера е подарок за градот од Бигорскиот манастир, а е дело на вредните монахињи од манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица. Широка е 2,5 метри и висока 3 метри. Направена е од различни природни материјали, уникатно украсена и збогатена со иконата на Рождеството Христово и кандилце. (Крај)

извор: ОхридПрес

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...