27.9 C
Ohrid
четврток, август 7, 2025
ПочетнаМакедонијаПецаков ќе ги тужи Бухова и ДСЗИ за клевета, несовесно работење и...

Пецаков ќе ги тужи Бухова и ДСЗИ за клевета, несовесно работење и изнесување заштитени податоци во јавност

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со внимание ја проследив онаа провладина хајка и разглобувањето до најситните детали околу моето тестирање за ковид, надополнето со многу политика. Веројатно тезата „Наќе е крив” сега е заменето со акцијата „Пецак е крив”, а сето ова само тие од власта да не бидат криви на кои им се случи геноцид на народот поради неспособност во справувањето со ковид заразата. Ова денеска го соопшти охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, околу случувањата со неговиот позитивен, а потоа и негативен тест на ковид-19.

<

Им благодарам за вниманието, вели Пецаков, а аналогно на тоа јас ќе посветам внимание на фактите кои се следни.

На 19 јануари, ден Водици се тестирав во Центарот за јавно здравје Охрид, не поради чуствување на симптоми поради ковид, туку поради патување и потребата за поседување на негативен ПСР тест. Нормално не бев во изолација, затоа што што би се случило доколу илјадници луѓе кои поради потребата за патување во странство би се изолирале чекајќи резултати и секако не постои НИТУ ЕДЕН пример кој се изолирал додека чекал резултати на ПСР тест за странство , така што јас во текот на тој ден бев со охриѓани кои го славеа големиот христијански празник. Истиот ден, како и кај секој тестиран на мејл околу 17 часот( а го прочитав покасно) добив известување од тестирањето кое кажуваше дека имам позитивен тест и иако не чуствував никакви симптоми превземав мерки за самоизолација, додека мојата сопруга имаше негативен тест. Наредниот ден ( четврток) експресно добив решение за изолација од инспекторката од ДСЗИ, бидејќи без симптоми 10 дневна изолација, да појаснам сте имале можност да видите и лично, најголем дел имногу покасно, а се случувало и да не добијат решение за изолација. После 36 часа од тестирањето, со оглед на тоа што немав никакви симптоми, ниту некој од моето опкружување се тестирав уште еднаш, при што се покажа дека тестот е негативен и немам присуство на корона вирус.( и тој тест јавно го објавив), и само што ги добив резултатите истите и ги испратив на инспекторката ( иако во некој друг процес кај што е започнато креирањето на кривичната пријава, вели дека не била запозната за тие резултати.) Стана јасно дека станува збор за грешка во тестирањето или пак кујните на власта по своја потреба тоа така го фабрикуваа, споделува Пецаков.

Тој одговара и на обвинувањата упатени до него од Ирина Бухова, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Не сум прекршил ниту еден проткол, ниту свесно сум предизвикал опасност за граѓаните на Македонија. Вие и оној политички менаџмент во ДСЗИ ќе се соочите со кривична пријава за клевети и несовесно работење и ИЗНЕСУВАЊЕ НА ЗАШТИТЕНИ(ЗДРАВСТВЕНИ) ПОДАТОЦИ ВО ЈАВНОСТ преку вашите политички портали. Воедно ве повикувам наместо да се занимавате со мене и со охриѓани да посветите внимание на колапсот во здравството и непособноста да се справите со пандемијата. Вашите грешки чинат животи, а неспособноста на власта Охрид го чини катастрофални резултати во туризмот, вели Пецаков

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Струшката полиција во угостителски објект во с.Велешта, пронајде 6 девојки од Албанија.

На 07.08.2025 во угостителски објект во струшкото село Велешта, полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Струга, полициското одделение во селото Велешта и од Регионален...

Раде Штекли имал халуцинации, му се причинило дека го следи Албанската мафија??!

На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром, четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир...

Казнети 46 возачи на електрични тротинети

Во текот на вчерашниот ден (06.08.2025), во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи...

Брат си го убил брата си во Кавадарци, па го закопал во дворот !!!

Денеска (06.08.2025), ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo...