23.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаУтре Кривичниот совет ќе одлучува за притворот на 22-годишниот Јордан Ѓорѓиев, дали...

Утре Кривичниот совет ќе одлучува за притворот на 22-годишниот Јордан Ѓорѓиев, дали ќе остане во затворот во Шутка или ќе му биде одреден домашен притвор.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Најверојатно утре Кривичниот совет ќе одлучува за притворот на 22-годишниот Јордан Ѓорѓиев, кој ја прегази 24-годишната Викторија на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

<

Дали ќе остане во затворот во Шутка или ќе му биде одреден домашен притвор, според адвокатите на Ѓорѓиев ќе се знае утре, откако Советот ќе одлучи по поднесената жалба.

Од Кривичниот суд велат дека жалбата е се уште кај судија на претходна постапка, па откако ќе се усогласат техникалиите, во текот на денот или утре би требало да пристигне во Советот, па во рок од 48 часа ќе се одлучи по него.

Одлуката за 30 дена притвор е обжалена уште во саботата, а според адвокатот на Јордан Ѓорѓиев – Душко Јанковиќ не е во пракса да се одредува притвор за сообраќајни несреќи, дури и оние со смртен исход.

Според Јанковиќ, притисокот од јавноста влијаел судијата да ја донесе одлуката за притвор. Жалбата е поднесена под основ дека 22-годишникот не може да влијае врз сведоците бидејќи сите веќе имаат дадено исказ, не може да побегне бидејќи пасошот му е истечен уште во септември, но и дека не може да го повтори делото, со тоа што ќе му биде одземена возачката.

Во четвртокот кај трговскиот центар „Сити мол“, 22 годишниот Јордан Ѓорѓиев беше зад воланот во возилото кое ја прегази 24-годишната Викторија, а таа го загуби животот на самото место.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...