2.9 C
Ohrid
четврток, декември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСеверна Македонија е за мирно решeние на тензиите околу Украина

Северна Македонија е за мирно решeние на тензиите околу Украина

spot_img

По завршувањето на престојот на македонската влада во Софија, бугарските власти итно ќе заседаваат за жешката тема – Украина. РСМ се залага за мирно решение..

Следиме и сe координираме. Ова е позицијата на мaкедонските институции во однос случувањата околу Киев, поврзани со поставувањето на руските вооружени сили на границата со Украина.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера телефонски разговарал со Дерек Чолет, советник во Стејт департментот на САД, за актуелната безбедносна состојба во Европа и актуелните случувања околу Украина.

„Беше изразена заемна поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина, подвлекувајќи ја важноста од заштита на човековите права. Воедно, ја истакнаа значајноста од заеднички пристап кон актуелните безбедносни предизвици и упатија повик за деескалација на состојбите во интерес на европската сигурност. Во тој контекст, ги поздравија напорите на меѓународните партнери и заложбите во рамки на НАТО и ОБСЕ за смирување на состојбите и зачувување на мирот“, соопшти МНР.

Не е исклучено мислења за оваа тема да бидат разменети и на маргините на средбите во Софија, каде македонскиот премиер Димитар Ковачевски од вчера е во дводневна официјална посета со владина делегација. Особено, што по денешната меѓувладина седница, и средбата на Ковачевски со претседателот Румен Радев и претседателот на Народното собрание, Никола Минчев, неговите бугарски домаќини ќе се посветат токму на прашањето со Украина. Веднаш по заминувањето на македонската делегација од Софија, премиерот Кирил Петков заминува на седница на Советот за безбедност, на која ќе се разговара за плановите на сојузниците во НАТО за зајакнување на источното крило на Алијансата во контекст на тензиите Русија-Украина.

Бугарската јавност ќе биде целосно запознаена. Ќе заземеме одговорен национален став и ќе го презентираме. Овој став ќе биде конзистентен и ќе го оптимизира бугарскиот интерес“, изјави Петков.

За таа тема утре ќе расправа бугарската влада, а попладнето ќе се одржи и вонредна седница на Народното собрание, на која ставовите ќе ги образложат премиерот, министерот за одбрана, министерот за надворешни работи, како и и шефовите на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС), на Државната агенција за разузнавање (ДАР) и на военото разузнавање.

Го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина

Русија деновиве побара повлекување на силите на НАТО (странски војници, оружје и опрема) од сите земји коишто не биле членки на НАТО во периодот пред 1997 година. Овие безбедносните гаранции што Русија ги бара од НАТО важат и за Романија и Бугарија, каде е планирано распоредување на воени бродови во Црно Море и присуство на борбени aвиони од земји партнери во НАТО. РСМ не е во тој круг на т.н. адаптирано предно присуство, па затоа и очекуван е одговорот на министерката за одбрана, Славјанка Петровска, дека „нашата држава досега од Русија нема добиено никакви барања“, како оние што се однесуваат на Бугарија и Романија.

Ги следиме случувањата во и околу Украина, кои се поврзани со поставувањето на вооружени сили од страна на Руската федерација долж границата со Украина. Во целост ги поддржуваме напорите на НАТО и ОБСЕ за надминување на ситуацијата. Ова поставување на вооружените сили сметаме дека е провокативно и дестабилизирачко дејствување, коешто всушност ја намалува безбедноста на европскиот континент, а тоа, впрочем, не е целта за којашто сите се залагаме“, изјави таа за ТВ „24″.

Петровска потенцира дека РСМ „целосно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина”. Тој став беше потврден и во август минатата година, кога претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на големата прослава на 30-годишнината од независноста на Украина, што се одржа на плоштадот на независноста во Киев. Во таа прилика, Пендаровски присуствуваше и на прием во палатата „Маријински“, приреден од украинскиот претседател Зеленски, каде пристигнаа над четириесетина делегации од земји и меѓународни организации, со стотици странски гости, вклучително и шефови на држави, претставници на странски влади и парламенти.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вмро Дпмне О.К Струга организира хуманитарна акција.

Почитувани стружани, да се придружиме на хуманитарната акција на ВМРО-ДПМНЕ, со која ќе придонесеме секое семејство во радост да ја дочека Новата година. 28.12.2024 година,...

Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница

Паднаа цените на производите кои не се дел од Новогодишната кошница, а чии цени драстично беа качени од трговците во изминатата недела. Самите маркети...

Градоначалникот Пецаков ги израдува дечињата со новогодишни пакетчиња.

Во духот на дарувањето и со цел да споделиме празнична радост и внимание, денеска поделивме новогодишни пакетчиња на најмладите. Ги посетивме Инклузивната игротека „Радост“; здружението...

Беровчанец подарува месо и лекови за сите што неможат да си купат за празниците.

Неверојатно хуман гест за празниците прави беровчанецот Звонко Цонкински. Тој за сите што неможат да си го дозволат обезбедува месо од неговата фарма, тој...