11.9 C
Ohrid
четврток, април 24, 2025
ПочетнаМакедонијаРашковски: Моите деца имаат само заштеда која што е од нивните родендени

Рашковски: Моите деца имаат само заштеда која што е од нивните родендени

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Првообвинетиот во случајот „Софтвери”, Драги Рашковски, тврди дека доказите против него се прибрани на незаконит начин. Во изјава пред новинарите откако се одложи почетокот на судењето, обвинетитот Рашковски истакна дека не може да има доказ во кој некој во обвинителството на својот компјутер во ворд направил текстуални пораки во една секунда.

<

– Имате во една секунда 43 пораки. Еве кажете ми, јас проверував во компјутер, не постои, Гинисовиот рекорд е дека за 50 и нешто секунди можете да пишете една порака, а не 43 во една секунда. Не може обвинителството да дава докази коишто јасно се гледа дека произлегуваат од незаконит начин на прибирање на докази од некакви телефони, рече Рашковски и најави дека во овој случај ќе има интересно судење.

Според него, „срамно е на лица кои немаат ниту познавања, ниту лиценци, ниту се вештаци, да им се дава да буричкаат, да чепкаат по приватни податоци на лица на кои им се одземени телефоните итн“.

– Не би сакал повеќе да навлегувам во докажувањето, сето тоа е предмет на оваа постапка. Меѓутоа, податоци и факти коишто се апсурдни не може да бидат докази, пак ќе ви кажам, 43 пораки во една секунда на документ на кој со форензичка анализа е докажано дека е правен на компјутерот на обвинителката, значи не е тоа податок извлечен од телефон, туку правен на компјутерот на обвинителката, таму стои на кој компјутер е правено, изјави Рашковски.

Како сведок на одбрана во овој судски предмети обвинетиот Рашковски, го предложил и поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

– Не може вие да тврдите дека мои средства уплатени на моја сметка во 2015 година потекнуваат од тендери од 2019 година. Срамота е тоа што се прави. Значи, сите знаеме дека 2015 прво јас не сум бил ни функционер. Не може од 2015 средства да потекнуваат од кривично дело од 2019. Не треба да сте ни правник, едноставно Холивуд да го режира ова не може така да го направи, наведе Рашковски.

Меѓу другото тој зборуваше и за имотот на своите деца при што објасни дека децата имаат само заштеда која што е од нивните родендени, а се друго што поседуваат е негов имот што го имал и пред тоа.

Застапникот на обвинението обвинителката Ивана Трајчева, во однос на тврдењата на одбраната дека доказите се прибрани на незаконит начин, рече дека постапувањето на обвинителството во овој предмет ништо не се разликува од постапувањето во други предмети, а за кои предмети има веќе правосилни судски одлуки, вклучувајќи ги и веќе познати на јавноста како „Рекет“ и како „27 април“.

– Оваа листа на докази е навистина обемна. Јас не би можела сега да ви ја кажам, да ви ја набројам бидејќи станува збор за многу докази. Можам да ви кажам накратко дека во суштина станува збор за докази од кои ќе се докажат сите факти што се наведени во диспозитивот на обвинителниот акт за секоја постапка посебно, како и за хонорарците, а и за кривичното дело „перење пари“, изјави обвинителката Трајчева.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...

Христово Воскресение 2 ден во Дортмунд- Германија

Христово Воскресение 2 ден Дортмунд ____ На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство...

Исчезната е Симона Стојкова- Доколку некој има информации веднаш да пријави во МВР !!!

Краток опис Симона Стојкова има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см и е на возраст од 35 години. Носи наочари и...

Викторија Трајков: Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид...

Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид и околината,...