28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЛевицата го поднесе предлог-законот за минимална плата предложен од ССМ

Левицата го поднесе предлог-законот за минимална плата предложен од ССМ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На денешната прес-конференција пратеникот Борислав Крмов објави дека политичката партија Левица го поднесе до Собранието предлог-законот за изменување на Законот за минималната плата, кој е доставен од Сојузот на синдикатите од декември.

<

„Се работи за предлог-закон за изменување на Законот за минималната плата, кој е предложен од Сојузот на синдикатите.

Иако им било ветено дека овој предлог ќе биде донесен во јануари, тој сѐ уште не е усвоен. Целта на овој закон е минималната плата, која е 15.000 денари, да се донесе до 18.000 денари, што би било приближно 60 % од моментната просечна плата.

Со овој предлог се интервенира минималната плата цело време да не биде пониска за 60 % од просечната плата.

Потрошувачката кошница за декември била дури 35.000 денари, што значи денеска едно просечно четиричлено семејство со две минимални плати не може ни да се издржува“, потенцира пратеникот Крмов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...