30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаДва златни, два бронзени и еден сребрен медал за македонските сноубордери на...

Два златни, два бронзени и еден сребрен медал за македонските сноубордери на меѓународен ФИС натпревар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Продолжуваат успесите на македонските сноубордери. На меѓународните ФИС натпревари во категоријата „Slopestyle“, што се одржаа викендов во Анилио, во Грција, македонските сноубордери освоија два златни, еден сребрен и два бронзени медали. Во силна сениорска конкуренција Иван Георгиев успеа да обезбеди најдобар резултат и освои две први места, Ведран Лауренчиќ освои второ место, а Карло Дерибан освои две трети места. Во женска категорија настапи Ева Башоска и освои четврто и петто место, а Слободан Саздовски освои второ и трето место во категоријата деца.

<

Ова е втор меѓународен ФИС натпревар во 2022 година за македонските сноубордери кои се дел од Македонската скијачка федерација. Минатата недела на натпреварот што се одржа на Бјелашница, Босна и Херцеговина, во категоријата „Slopestyle“ и „Big Air“, македонските сноубордери освоија четири бронзени медали. На меѓународниот ФИС натпревар во Анилио, настапи и Бојан Скендеровски кој освои седмо место.

Иван Георгиев, Карло Дерибан, Ведран Лауренчиќ, Ева Башоска, Бојан Скендеровски и Слободан Саздовски се членови на сноуборд клубот „Полар“, кој е дел од скијачката федерација на Македонија.

„Одличните резултати што ги постигнавме на ова второ ФИС натпреварување годинава е одлична мотивација и за мене, но и за спортистите, да продолжиме посветено да работиме на подготовки и тренинзи како и досега. Покажавме дека и покрај сите пречки можеме да постигнеме врвни резултати, а што е најважно, докажавме дека сме конкурентни и успешни. Продолжуваме да работиме на дополнително унапредување на перформансите на нашите спортисти и за две недели не очекуваат настапи на нови натпревари“, истакна Кирил Насков, тренер во скијачката федерација на Македонија.

Сноуборд клубот Полар работи на спортска едукација на деца и младинци од 1996 година. Со своите активности клубот Полар дава голем придонес во развојот на зимските спортови, особено во сноубордингот. Од основањето до денеска во клубот членувале и биле дел од неговите активности над 4500 деца и младинци.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...