8.9 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаВиолета од Гостивар во солзи: Наскоро со детето одиме на улица, живееме...

Виолета од Гостивар во солзи: Наскоро со детето одиме на улица, живееме со 4.000 денари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Часлав и Виолета Цветкоски од Гостивар имаат навистина тежок живот, имаат дете со посебни потреби а истите не се во работен однос. Живеат под кирија и имаат минимални примања од 4.000 денари.

<

Ова семејство цел живот го поминува под кирии, бара таму каде што ке е најефтино, Виолета има три деца од кои последното за жал ќе биде со пречи во развојот.

Поради состојбата на детето Виолета никогаш не се вработила, а таткото Часлав бил набркан од работа и така ова семејство останало без приходи.

– Детето не сум го носела на дополнителни испитувања поради тоа што немаме приход. Бел ден немам видено ни за добро ниту за лошо не можам да излезам од дома, вели Виолета во солзи.

– Покрај детето и јас се разбо лев, во овие четири ѕида сум многу безнадежна, додека беа моите родители живи ми помагаат колку толку но сега….

– Незнам ниту како сме живи се уште, што е најбитно ниту станбеното прашање не ни е решено. Месечно земаме само 4.000 денари од детето друго ништо, вели Часлав.

Кирија немаме платено долго време, и затоа одиме од едно место на друго место. Овој сопственик не сожали ни рече до зима да седиме поради детето а од пролет да си бараме чаре.

– Конкуриравме за социјален стан но и покрај оваа ситуација не одбија. А сега не знам напролет што ќе правиме, тоа ми е најтешко вели Виолета со тешко срце.

– Често сме и без храна, тешко се снаоѓаме. Еве во близина имам една комшвика која ми помага, но толку и се можностите и таа има семејство.

– Некогаш ме викаат да копам нешто да земам некој денар но тоа ретко се случува, напролет незнам кај ќе одиме но најверојатно во паркот, вели замислено Часлав.

– Давор има големи проблеми со забите но немаме пари да го носиме на стоматолог, не може да јаде тврда храна, вели мајка му.

Голема ма ка ми е што го немам ниту еднаш слушнато да ме нарече ,,мамо”. Се надевам дека барем малку да ми се подобри животот, вели Виолета пред камерите на ,,Срце на Дланка”

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да не остане на улица и да види малку светлост во животот тоа може да го сторите на телефонскиот број 077-710-124 или на трансакциската сметка 240347112292309 Уни Банка Виолета Цветкоска од Гостивар

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите...

Поднесена иницијатива за смена на актуелниот претседател Перо Антиќ

Во Кошаркарската федерација на Македонија денес е поднесено барање за Вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ. Иницијаторите...