Поранешната дивоградба кај „Мавровка“ сега е клиника за пресадување на коса

Објектот кој беше изграден на просторот кај поранешната дивоградба пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје е сега клиника за пресадување на коса, пишува Фокус.

Клиниката за трансплантација на коса „ВатанМед“ со потекло од Турција денеска го објави во медиумите почетокот на своето работење во овој објект.

Минатата година, инвеститорот Мевљудин Алити, чија дивоградба се уриваше со полициска придружба, призна вина и доби условна казна од две години, како и паушал за судски трошоци во висина од 3.000 денари (50 евра).

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here