22.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаДецата со попреченост добро знаат дали некој ги сака или не, ни...

Децата со попреченост добро знаат дали некој ги сака или не, ни требаат механизми за заштита на сите деца

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Не постојат добри и лоши деца, сите се различни и искрени. Да се отфрли дете со попреченост од страна на деца е прифатливо бидејќи кога децата се мали, тие додека да запознаат нешто ново и различно вообичаено го одбиваат. Им треба време и поддршка од возрасните. Она што е значајно е каква поддршка ќе добијат овие деца за да го прифатат детето со попреченост од страна на своите родители?

<

Случајот со 10-годишната Ембла Адеми од Гостивар, која не ја почувствува радоста од повторното враќање во училишните клупи зашто родителите не ги пуштија децата на училиште и со петиција барале девојчето до Даунов синдром да не учи во исто одделение со другите деца, е слика на нашето општество каде секој секого етикетира и отфрла доколку е малку различен, вели доц. д-р Јасмина Трошанска. Професорката на педагошки факултет, на отсек за специјална едукација и рехабилитација вели дека е потребно да влијаеме врз децата и кај нив да развиваме позитивни особини, емпатија, чувство за заедничка припадност и придонес во општеството. Секој може да даде свој придонес.

На децата им треба поддршка од возрасните

Не постојат добри и лоши деца, сите се различни и искрени. Да се отфрли дете со попреченост од страна на деца е прифатливо, бидејќи кога децата се мали, тие додека да запознаат нешто ново и различно вообичаено го одбиваат. Им треба време и поддршка од страна на возрасните. Она што е значајно е каква поддршка ќе добијат овие деца за да го прифатат детето со попреченост од страна на своите родители? Тука ќе истакнам една поука на Марија Монтесори која сите ние треба добро да ја запомниме: „Патот по кој се јакнат слабите е пат по кој се усовршуваат јаките“. Ако сакате вашите деца да бидат совршени, тогаш на нив им требаат и послабите, преку помагање тие развиваат особини кои вие како родители не можете да им ги развиете – вели Трошанска.

Законот за основно образование преку членот 5 нуди заштита од дискриминација и промовира еднаквост. Свеста за децата со атипичен развој треба да се развива не само кај децата, туку и кај родителите.
За повеќе детали,Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...