25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаКонечно убава вест: Ембла е вратена во класот со децата чии родители...

Конечно убава вест: Ембла е вратена во класот со децата чии родители бараа да се тргне од настава

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за образование Јетон Шакири, лично му ветил на таткото на 11-годишната Ембла, дете со Даунов синдром, дека ќе го реши проблемот кој ја разбранува македонската јавност. Имено, родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотираа наставата бидејќи не сакаа Ембла да седи на настава со нивните деца, под изговор дека девојчето било агресивно.
Министерот Шакири предмалку на Фејсбук објави дека Ембла од денеска повторно ќе продолжи да учи во класот и дека нема да биде изолирана.

<

„Ембла Адеми од Гостивар не ја почувствува радоста да се врати во училиште на првиот ден од второто полугодие зашто, за жал, во нашето општество има уште стереотипи и предрасуди за луѓето со посебни потреби. Но, на мое лично задоволство и на задоволство на нејзиното семејство денеска таа е повторно меѓу соучениците и екстремно среќна да продолжи да учи, да напредува и да создава пријателства со нејзините соученици. Среќата во очите на Ембла е наша споделена среќа. Победа на општеството и вистинските човечки вредности. Посакувам такви случаи никогаш да не се случат пак. Затоа мора да продолжиме да придонесуваме за свесноста за децата со попречености. Тие не се поразлични од другите и заслужуваат подеднаков пристап до квалитетно образование како и секој друг. Тоа е фундаментално право“, напиша Шакири.
Илир Адеми, таткото на Ембла, во изјава за Слободен печат вели дека е револтиран од тоа што неговата ќерка била изолирана и неприфатена во образовниот процес.

Уште пострашно е, тврди Адеми, што 11 мајки на други деца поднеле петиција до директорот дека нивните деца ќе ја бојкотираат наставата, ако Ембла не биде отстранета и не учи изолирано, во посебна просторија.

– Ние сме навикнати, но револтот ескалираше. Осум години имаме проблеми. Уште од градинка секогаш ја изолираа. Се правдаа дека освен што има Даунов синдром, има и послаб слух и кога ќе сака да привлече внимание на некое дете и да го привлече, пуштала рака кон него. Но, не го тепа. И тоа беше причина и во градинка секогаш да имаме проблеми. Треба да се работи на еманципацијата. Слушам за некои примери во Германија, таму поинаку се однесуваат. Ние имаме закони, ама не работиме како што треба, вели Адеми кој е професор по музичко и кој самиот се занимава со музикотерапија за да им помогне на другите деца со Даунов синдром.

Тој вели дека Ембла е четврто одделение и учела во три паралелки.

– Врвот дојде и веќе како родител не можев да трпам повеќе. Ќерка ми ја ставија да учи во смени, две недели во една, две недели во друга, две недели во трета паралелка. Министерството за образование има концепција за инклузивност и училиштата треба да се подготвени за неа, но за жал ние имаме такви институции кои не ги прифаќаат овие промени баш најдобро. Така што ќерка ми, од почетокот на годината доби назначен образовен асистент од министерството. Но, проблемот настана во ноември кога мајки на деца во паралелката со петиција до директорот ургирале да ја извадат ќерка ми од паралелката зашто им пречела во наставниот процес, ги задевала другите ученици. Тоа не е вистина, зашто ќерка ми е постојано со образовниот асистент од почеток до крај на часовите и тој би алармирал ако е така, објаснува Адеми.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...