12 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаОдронот на автопатот Миладиновци-Штип со месеци си стои така, од владата велат...

Одронот на автопатот Миладиновци-Штип со месеци си стои така, од владата велат ако го отстранат одма ќе биде полошо.

spot_imgspot_img

Јавното претпријатие за државни патишта спроведува јавна набавка за избор на компанија која ќе изврши санација на одроните од карпи на автопатот Миладиновци – Штип и по нејзиното завршување до средината на месецов, ќе се реализираат градежните работи.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски информираше дека на расчистување се чекало подолг период за да се обезбеди соодветно заштита на локациите и да се спречи повторување на свлечиштата..

Не смееме да пристапиме кон брзо решение што може да биде штетно и да предизвика поголем одрон од косините на автопатот. Стручни лица и професори од Градежниот факултет направија увид и испитувања на состојбата на терен. Патот е прооден само по едната коловозна лента, но сакаме она што ќе биде санирано да биде темелно завршено и да не се повторуваат слични одрони на овие позиции, истакна министерот Бочварски.

Одронот од карпи на автопатот кон источниот регион на државата се случи по обилните врнежи од дожд на почетокот на декември минатата година. Поголеми карпи прекрија половина од коловозот од правецот на Штип, на 10 километри пред Миладиновци, поради што сообраќајот се пренасочува на една коловозна лента во должина од 150 метри.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...