11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаОд мали деца, до чистачи на шофершајбни – Во Скопје секој може...

Од мали деца, до чистачи на шофершајбни – Во Скопје секој може да ги исклучи семафорите и да направи сообраќаен хаос?

Свежи се сеќавањата од трагедијата која се случи на 20-ти јануари, каде животот го загуби младата Викторија од Радовиш, кога во неа удри автомобил управуван од 21-годишник.

Семафорите во тој момент не работеле, односно трепкало жолтото светло. Се уште не е познато зошто во тој момент семафорите кај „Сити мол“ не биле во функција.

Во емисијата „КОД“, кои направија реконструкција на целиот настан, се објаснува и дека немало налог за исклучување, ниту поради сообраќајни проблеми, ниту поради делегација.

Но, екипата на „КОД“ објаснува дека слушнале крајно загрижувачки работи, откако им објасниле дека прикинувачот на кој се вклучува и исклучува семафорот не е заштитен и многу често луѓето кои мијат автомобилски шофершајбни на раскрсници ги исклучуваат семафорите, за да се создаде гужва за повеќе муштерии, исто така и деца кои ја знаат негрижата на надлежните, често ги исклучуваат.
На раскрсницата таа приказна се потврди. Металното сандаче беше отворено, зад отворената врата се гледаше незаштитениот прекинувач со кој се гасне семафорот, дури и јас можам да го исклучам и да предизвикам сообраќаен хаос кај „Сити мол“, а секој минувач има можност да ги запали жолтите светла, се вели во прилогот на „Код“.


Во потрага по одговори на екипата на „Код“, од МВР биле преупатени кај Град Скопје и нивниот сообраќањен центар. Од Градот не пристигнал никаков одговор на нивните прашања.

Новинарите на „Код“ успеале да најдат уште едно метално сандаче за контрола на сообраќај, кој исто така бил отворен. Се наоѓа во центарот на Скопје, во близина на Собранието.

Упатените рекле дека со отворени сандачиња, полицајците имале полесен пристап до системот за контрола на семафорите, затоа што сите немаат клучови за сандачињата. Но, така и минувачите може лесно да ги исклучат.

Проблемот со сандачето кај „Сити мол“ е што камерите со 360 степени круг не можат да го снимат сандачето, затоа што правецот на камерата кон сандачето е покриен со столбот на кој е камерата и со билбордот.

Од „Код“ велат постои минимална можност да се види исклучувачот на семафорите од камерата на вториот систем „Safe city“, која е повисоко на истиот столб. Но и таа снимка е предадена на обвинителството.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...