18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаВрзувањето јагне е Адет: Александар Мачевски од Пехчево најави тужба за АНИМА...

Врзувањето јагне е Адет: Александар Мачевски од Пехчево најави тужба за АНИМА МУНДИ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сточарот Александар Мачевски од пехчевското село Робово, во врска со написот на Анима Мунди за инспектор што малтретира јагне изјави дека снимката е лична и приватна направена во неговиот дом како традиција што секоја година се прави во домот на сточарите кога ги продаваат јагнињата.

<

– Се свири песната „Изгубеното јагне” и се донесува јагне како адет и традиција и мора да биде врзано. Ако може да забележите јагнето не е малтретирано, мачено и ,заколено” и после песната е пуштено кај неговата мајка затоа што се верува дека на тој начин ќе има повеќе јагниња следната година. Со вашиот натпис ми го нарушувате угледот на мене лично и на моите гости. Доколку не се повлече и избрише натписот приморан сум да преземам правни дејствија против здружението, вели Мачевски во својата изјава.

Александар Мачевски заедно со неговите браќа се сопственици на фармата „Мачевските деца” која се занимава со одгледување говеда, овци и крави, која како семеен бизнис егзистира од 2006 година.

За инспекторот за благосостојба на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство најави разговор со вработениот, додека министерот за земјоделство Љупчо Николовски објави дека ќе биде разгледана евентуална санкција за него.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...