11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаГрад Скопје поднесе кривична пријава за Шилегов и Јанчева

Град Скопје поднесе кривична пријава за Шилегов и Јанчева

spot_imgspot_img

Град Скопје, согласно одредбите од Законот за кривичната постапка, денес поднесе кривична пријава против Љубица Јанчева, поранешен Претседател на Советот на Град Скопје и Петре Шилегов, поранешен Градоначалник на Град Скопје.

Станува збор за кривична пријава поради основано сомневање дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 ст.5 вв со ст.1 од Кривичниот Законик.

Љубица Јанчева во својство на Претседател на Советот на Град Скопје, искористувајќи ја својата службена положба, од средства од буџетот на Град Скопје искористила средства за прослава во ресторан во Скопје, спротивно на законските прописи за извршени набавки на стоки и услуги и спротивно на Законот за јавни набавки, додека Петре Шилегов како Градоначалник на Град Скопје, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, а со пречекорување на границите на своето службено овластување без да постои склучен договор, спротивно на Законот за јавни набавки, дозволил да се искористат и исплатат средства од буџетот на Град Скопје, на кој начин пријавените прибавиле имотна корист и нанеле штета на буџетот на Град Скопје. Имено, Љубица Јанчева во својство на Претседател на Советот на Град организирала предновогодишна забава во ресторан во Скопје, и за тоа своерачно потпишала и посебен интерен образец со кој потврдува дека ги искористила наведените средства и во прилог кон истиот доставила фактура, со што ги потврдува издатоците за реализирани средства за репрезентација – информираше на денешната прес-конференција Данијел Апостолоски, советник за односи со јавност во Град Скопје.

За незаконитостите алармирал и Секторот за финансиски прашања при Град Скопје кој во Службена белешка укажал дека се работи за услуги спротивно на законот, каде е наведено дека доставената фактура се однесува за извршени услуги за кои Градот со предметниот правен субјект нема склучен договор со постапка за јавна набавка во 2019 година. И покрај тоа што било укажано од надлежните служби дека се работи за извршени услуги за кои нема склучен договор за јавна набавка, Петре Шилегов како Градоначалник на Град Скопје во тој период, го игнорирал ваквото укажување и свесно дозволил на незаконски начин да се искористат средствата од Буџетот на Град Скопје, кои се средства на граѓаните.

– Во конкретниов случај, станува збор за произволно, незаконско и несовесно трошење на парите на граѓаните од страна на Шилегов и Јанчева, кои за свои потреби, а спротивно на закон, искористиле средства од Буџетот на Град Скопје, ни помалку ни повеќе за организирање на предновогодишна забава во кафеана. Особено укажуваме дека Градот Скопје во наведениот период за 2019 година, веќе имал спроведено постапка и доделено договор за јавна набавка на други правни субјекти за угостителски услуги, во кои не спаѓа правниот субјект каде се правеле забави на сметка на граѓаните. Оттука, јасно произлегува дека Петре Шилегов и Љубица Јанчева искористиле средства од Буџетот на Град Скопје надвор од законски пропишаната процедура, на кој начин го оштетиле Буџетот на Градот Скопје – додаде Апостолоски.
Извор: Скопје1

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...