0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЕдинаесетмина невработени уплатиле 630 илјади денари за кампања на еден градоначалнички кандидат

Единаесетмина невработени уплатиле 630 илјади денари за кампања на еден градоначалнички кандидат

spot_img

Поразителни се податоците за транспарентноста на политичките партии, кои имаат законска обврска да ги објават на своите веб-страници информациите за примени донации и годишните извештаи. Но, од вкупно 31 политичка партија, кои имаат интернет-страници, само седум ги имаат објавено во целост овие податоци, три делумно, а 18 немаат објавено никакви извештаи. На три партии интернет-страниците не им се активни.

Ова го покажува посебниот Извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања „Локални избори 2021“ на Државната комисија за спречување на корупцијата, пренесува МИА.

ДКСК, на денешната 61. седница, го разгледа и усвои Извештајот за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања и утре ќе го достави до Собранието, а потоа ќе биде објавен и на веб-страницата на Комисијата.

Од буџетот за 2020 год. се исплатени 3,247 милиони евра кон 49 партии

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, посочи дека согласно законската обврска тие ги следеле сите случувања и неправилности во текот на изборниот процес, од денот на распишување на изборите до изборот на градоначалници.

„Извештајот изобилува со разновидни анализи кои се надевам ќе помогнат во изнаоѓање јасни и недвосмислени законски одредби кои нема да остават простор за однесување без интегритет – изјави Ивановска.

ДКСК, преку електронски пристап до трансакциските сметки во изминатите две години на дневна основа, ги следи сите приходи и трансфери на средства на политичките партии.

Согласно оваа анализа, од Буџетот на државата во 2020 година за 59 партии се одобрени средства за редовно работење, а исплатени се кон 49 партии во износ од 3,247 милиони евра, додека за 2021 година за 57 партии се одобрени средства, а исплатени се на 45 во износ од 2,34 милиони евра..

Проблематичните податоци ќе завршат во обвинителство

Катица Николовска, член на ДКСК, посочи дека податоците за транспарентноста на финансирањето на политичките партии се поразителни.

„Овие состојби укажуваат дека политичките партии на секои избори се борат да добијат поголем број претставници било во парламентот или во општински совети, со цел доминација во креирањето политики и носењето закони и одлуки, но први не ги почитуваат обврските кои сами ги носат. Ова говори за големата нетранспаретност на политичките партии кон јавноста за своето работење. На овој начин на јавноста ѝ е скратена можноста за навремено информирање со колку средства располагаат партиите и од каде ги обезбедуваат и што е најважно за што ги трошат -изјави Николовска.

Согласно извештајот на ДКСК, за потребите на политичките партии во 2021 година се исплатени некаде околу 8,5 милиони евра од кои околу 5,237 милиони евра како средства за платено политичко рекламирање кои се обезбедуваат од буџетот на државата и околу 3,247 милиони евра како средствата за нивно тековно работење.

Арсовска за фејсбук-реклами потрошила 210 илјади денари сопствени средства

Најголем дел до расходите се за рекламирање – преку билборди, како и други форми – транспаренти и плакати на јавни простори, но и на простори и објекти кои не се дозволени.

Од анализата на ДКСК се воочува дека ДУИ има пријавено ненаплатени трошоци од четири милиони денари, Интегра има ненаплатени 457 илјади денари, а независната кандидатка Данела Арсовска за фејсбук-реклами потрошила 210 илјади денари сопствени средства кои не се пријавени.

Од ДКСК посочуваат дека, иако за реклами на Фејсбук има значителни исплати на средства од сите политички партии, сепак со Изборниот закон не се регулира овој начин за рекламирање.

Извештајот на ДКСК, покажува дека од 142 учесници кои пријавиле посебни трансакциски сметки за овие избори, 67 не оствариле никакви приходи.

За десет години, 32 интервенции во Изборниот законик, без јавна расправа

До ДКСК во текот на овие избори биле доставени 210 барања за добивање мислења, најчесто за вработувања, јавни набавки, отуѓување на имот и слично. По овие барања ДКСК не дала ниту едно мислење .

Отворени се и 54 предмети, од кои три се од приговори, шест по сопствена иницијатива и другите се од пријавувачи. По нив, ДКСК има донесено две одлуки со кои се одбиваат поради слабости, а кои се однесуваат на слабости во дефинирањето на платеното политичко рекламирања, а третиот одговор е одбиен бидејќи не се констатирани повреди на Изборниот законик. ДКСК отворила и шест предмети по написи во медиуми.

Работата по наведените предмети само потврди дека не е регулиран начинот на распределба на рекламирање преку радиодифузери и билборди и е коруптивен ризик за уцени меѓу политичките партнери за меѓусебни отстапки, ветувања на поволности, поделба на функции и слично и го започнува кругот на политичка корупција -изјави Николовска.

Констатирани се и активности што не се забранети со закон, но за кои ДКСК смета дека не се во духот на добро владеење; не се започнува капитална инвестиција, но се промовира тендер за јавна набавка, не е забрането започнување изградба на улици доколку се предвидени средства во буџетот за тоа, но дискутабилно е што тоа се прави со почеток на кампањата или, пак, исплати на додатоци и склучувања договори за после избори.

Во извештајот на ДКСК, исто така, се констатира дека во изминатите десет години направени се 32 интервенции на Изборниот законик, од кои 14 се за спроведување на рекламирањето на партиите, а интересно е тоа што за носењето на ниту една измена не била организирана јавна расправа.

ДКСК претходно на денешната седница, го избра Нури Бајрами за нов заменик-претседател со мандат од шест месеци, пренесува МИА.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...