26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Таравари тврди дека Ембла се однесувала агресивно и ги повредувала соучениците

Градоначалникот Таравари тврди дека Ембла се однесувала агресивно и ги повредувала соучениците

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари вчера изјави дека имал состаноци си дефектолозите, психологот, учителката и родителите, од кои произлегло дека родителите на Ембла инсистирале таа да посетува настава со инклузија. Тој вели дека некои од соучениците биле и повредувани бидејќи кај девојчето било забележано агресивно однесување.

<

„Годинава кај неа било забележано агресивно однесување и овој факт го потврдија речиси сите. Иако меѓу децата имало разбирање, сепак има некои од соучениците биле и повредувани. Освен Даунов синдром, Ембла има и форма на аутизам, што е потврдено и во извештајот од комисија која врши категоризација на вакви деца. За неа се обезбедени и посебни услови во училиштето. Сепак, некои од родителите искажеле загриженост за нивните деца. Како институција ќе побараме уште еднаш да се направи категоризација за Ембла, по што ќе се донесе конечен заклучок со препорака дали таа ќе следи настава преку инклузија или во паралелка за деца со посебни потреби, тоа ќе се знае наскоро, рече градоначалникот Таравари.

Случајот со 11-годишно девојче предизвика внимание откако беше обелоденето дека родители на ученици од училиштето „Единство-Башкими” се незадоволни од нејзиното однесување и потпишале петиција тоа да не следи настава заедно со нив.

Второто полугодие Ембла го започна со задоцнување и беше објавено дека има противење таа да следи редовна настава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје...

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....

Во пожар кај Кочани изгореа автобуси на плац

Според видеото кое се појави на дел од медиумите, синоќа избувна пожар на плац на излезот на Кочани, веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол”...

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...