7.9 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаВечерва со писмо од 3атвop се огласи Јане Ченто

Вечерва со писмо од 3атвop се огласи Јане Ченто

spot_img

Писмо од СРЦЕ напишано со емоција

<

Каква е таа правда побогу, која јас и моите сопатници во оваа неправда што ја трпиме веќе 5 година по македонските затвори, распространети од Шутка до Штип и Прилеп?!?!

Не нарекуваа „извршителите од 27” а не сме – 5 години по затвори и системот СПИЕЕЕЕЕЕ!
Осудени на преку 220 години затвор.
Голем дел од нас имаа по 2 години притвор во Шутка некои и повеќе од 2 години. И сега сме раштркани низ казаматите македонски. Кај нас казните беа од 7-8-10-12-13-15-18 години поединечни.

Оние ги нарекуваа наводни „организатори” ( за кои мислам дека и за нив е класично политичко монтирано дело) добија казни по 6 или 6 и пол.
Или вкупно 25 години затвор односно колку што треба да лежи само Јане Ченто и Игор Југ. Во другиот случај.

Ова писание не е да ги окривувавм овие што добија казни по 6 години за исто кривично дело како нашето.

Ова писание е за Македонија и македонскиот народ да видат што ни прваат нас веќе 5та година, БЕЗ НИКАКВА ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА да биде решен нашиот случај и конечно да излезиме на слобода или да се браниме од слобода во една фер и правична судска постапка.

Како можете да живеете во ваков судски – политички систем мој народе, лидери на партии, јас не можам да ве разбирам

Ставете се на местото од мојот татко, кој доаѓа секој три недели за Штип да ми носи храна за да можам да преживеам.

Последните 5 години, човекот не е застанат поради мене, шеќерот му се качи, остаре за 20 години кога го видов последен пат оти не знае како да ми помогне да ја исправиме неправдата, тоа у ива другари, да го гледате својот татко со солзи во очи оти не знае што да направи за да го извлече својот неправедно осуден син од затвор…..

Сте се ставиле во така ситуација другари и пријатели, познаници и лидери на партии, пратеници……

Сте се ставиле на место кога се разболуваме по затворите не знаме дали тоа ни се последните часови…. Тие последни слики….. Па едвај се спасуваш со Божја сила и молитва.

Сте се ставила на место мое, како е кога вашиот син го лажете дека ќе си дојдете дома за брзо а поминуваат денови и денови и кога ќе ти рече синот “ТАТО ТИ НЕ МЕ САКАШ, МЕ ОСТАВИ И НЕ СЕ ВРАЌАШ”….. Ќе ве боли нели?

Сега истото поставете си го дека го слушаш 1600 дена СЕКОЈ ДЕН…А тој расти, разбира веќе полека полека …..

Не може да го сфатите нели?

Удбоно е таму каде што сте нели?

Во најмал случај спиете дома со вашите фамилии? И да е лошо нешто пак сте заедно нели??

Затоа и ве замолувам да ни помогнете.

Ставте сега дека некој ваш го доживува ова што јас и другите го трпиме 5 години.

Ставете се за СЕКУНДА ако не можете повеќе видите како е….

И до кога….. Ние ЧЕКАМЕ уште нели.

Се бориме ОД ЗАТВОР ПРОТИВ ОКУПАТОРИТЕ, ПРЕДАВНИЦИТЕ.

ЌЕ СТАНЕТЕ ЛИ КОНЕЧНО ДА СЕ ИЗБОРИТЕ ЗА НАШАТА ПРАВДА БЕ ДРУГАРИ?

Како држава, партии во Собрнаие има многу, има механизми да се среди се ова.
Ние не бараме преку леб погача, бараме правда и фер судење.

Многу време помина другари и сите вие што ни викате издржете, тешко е, ќе бидам искрен.
Се држиме, се крепиме колку можеме во таква средина што сме.

Ама боли другари, боли кога гледаме дека сме оставени сами…. 5 ГОДИНИ!

Ќе се направи протест еден ден и толку, тогаш сум најсреќен ако ми верувате.
Меѓутоа сето тоа е залудно барем досега.

Bе повикувам нашето прашње да влезе во институциите, да видиме кој е за а кој против да се реши случајот 27ми Април.

Премногу гнев, бес и болка има измешано.

Се надевам дека ова писмо ќе допре до сите од обични членови на партии, да побараат кај нивните повисоки структури дека Е ДОСТА со нас, дека мора да се избориме за тие луѓе……… Да се качи на највисоко можно ниво сето ова што
случува со нас.

Да имаат слух политичките лидери се работи за ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ.

Ние немаме два животи другари, не чекаат фамилиите, пријателите, не чека работа.
Како сакате сфатете ме, ја сум само обичен затвореник кој под емоции ви го пишува ова бидјеќи знам дека сме жртвени јарци за нечии политички цели.

Докажавте тоа што ТРЕБАШЕ, време е да се среди овој случај.
Кој мисли да го заташка еден ден ќе му се удри од глава.
Дали ќе ни помогнете зависи од вас.

Да сте живи и здрави

Да живее Република Македонија

Писмо од Јане Ченто
Испратно на 05.02.2022 година

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во продолжение целосната објава на Апасиев: … „и...

Стерјовски за МЦН: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, за албанската МЦН, зборува за бројноста на македонската заедница и каде главно е сконцентрирана. Според него,...

Пратеничка на ВМРО стана витез!

Моментите на гордост треба да се споделат. Денеска нашата колешка, пратеничката Бети Стаменкоска – Трајковска беше одликувана од страна на Н.Е францускиот амбасадор Кристоф Ле...

САД ги симнуваат знамињата со ЛГБТ и БЛМ: Трамп воведува „политика на едно знаме“

САД ги симнуваат знамињата со ЛГБТ и БЛМ. Државниот департмент на САД, под раководство на Доналд Трамп, во понеделникот ја воведе знаковната „Политика на...