21.7 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаЗапален автомобилот на братот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески

Запален автомобилот на братот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека вечерва била запалена колата на неговиот брат.

<

Пред неколку месеци по политичка нарачка упаднаа мафијашки во мојот дом, а вечерва во периодот околу 21:15/20 часот, во семејниот дом на брат ми беше запален неговиот автомобил.

Ова е со намера предизвикано од човечка рака бидејќи до автомобилот беше пронајдено шише со бензин.

Ја испраскале целата кола, го фрлиле шишето запалиле и избегале.

Ако ова е некаква порака за мене или моето семејство, уште веднаш да им порачам дека јас не им се плашам.

Не се плашиме затоа што немаме зошто.

Мојот брат, моето семејство важат за мирни и скромни луѓе, немаат лош збор со никого ниту пак имаат непријатели, затоа ова не може да се разбере никако поинаку освен обид за заплашување преку испраќање ваква кукавичка порака.

Ама напротив, ниту ме заплашивте ниту ова ќе остане така.

ЌЕ ОДИМЕ ДО КРАЈ!

Ќе одиме до крај и ќе видиме каков проблем има и кој има.

Со ова ме правите поодлучен и посилен уште повеќе да се борам притв оваа криминална власт да си замине наскоро.

Правда ќе има, ова не се заборава! Бидете живи и здрави, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Јавува Скопје1

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...