17.7 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаЖена од Шуто Оризари со канцер на матка и гној, не ја...

Жена од Шуто Оризари со канцер на матка и гној, не ја носеле на дијализа бидеќи “многу смрдела” !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Четириесет и осумгодишната Сеаре од Шуто Оризари, е оставена на милост и немилост односно без лекарска грижа, во катастрофална здравствена состојба поврзана со нејзиното гинеколошко здравје, а за тоа институциите на системот се и неми и глуви.

<

Сеаре покрај тоа што има гинеколошки проблеми и е суспектна дека има канцер на матката, исто така е и пациентка на дијализа и трипати ндеделно треба да оди на прочистување на крвта. Меѓутоа, пред десетина дена, возачот едноставно решил да не ја земе од дома и да не ја носи на дијализа, зашто „многу смрдела“ и другите пациенти кои се возеле во истото организирано комбе, се пожалиле. Згора на се, жената нема ниту лични документи, живее во екстремна сиромаштија во една полупразна соба во делот од Шуто Оризари наречен „гето“ до дивата депонија, нема огрев, струја, храна, лекарства ниту лекарска грижа!

Слободен печат“ контактираше со невладината организација Иницијатива за правата на жените во Шуто Оризари, која претставува единствената невладина организација која што било што направила за болната, изнемоштена и здравствено незгрижена Сеаре.

Директорката на организацијата, Салија Бекир Халим за „Слободен печат“ вели дека Сеаре во моментот се наоѓа дома во Шуто Оризари и не е згрижена во ниту една здравствена институција. Да биде трагедијата уште поголема, две деца на жената и починале.

Живее во многу неповолни услови и во екстремна сиромаштија. Во една мала собичка, донирана од лица кои живеат во странство. Нема ниту огрев, ниту ништо. Се обидуваме да добиеме лекарски извештај и да може да ја сместиме во институција за палијативна грижа, но за тоа некој треба да ги покрие трошоците. Сите се оградуваат. Миризбата не е од неодржување на хигиена, туку од гној и од што нема кој да ја третира. Ние купивме антибиотици, некои лекарства за кратко време, меѓутоа институционално треба да се реши нејзината состојба, вели Бекир Халим.

Единствената здравствена институција која што сработела нешто досега за Сеаре е Клиниката за гинекологија во комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје. Таму Сеаре била однесена со приватна брза помош, повторно платена од невладината организација, каде што и е кажано дека можеби има канцер на матката но дека се потребни дополнителни испитувања. И после овој преглед, таа е пуштена дома, дополнителни прегледи не се прават, таа е упатена да седи во болка и здравствено незгрижена во Шуто Оризари.
За повеќе детали,Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...