26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаПратеникот од Струга бара полицијата да ги најде лицата кои вчера подметнаа...

Пратеникот од Струга бара полицијата да ги најде лицата кои вчера подметнаа пожар во неговиот дом

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Струга Јован Јаулески вели дека за малку избегнал трагедија откако автомобилот на неговиот брат, паркиран пред нивната семејна куќа, бил запален вчера вечер. Јаулески вели дека во домот биле брат му, неговата сопруга и нивното 8 месечно бебе.

<

Ова е со намера предизвикано од човечка рака бидејќи до автомобилот беше пронајдено шише со бензин.Ја испраскале целата кола, го фрлиле шишето запалиле и избегале. Среќа во несреќа што во моментот кога вивнал пламенот,мои сограѓани кои поминувале пред куќата,почнале да светат од авотомобилите и да го довикуваат мојот брат,кој не знаел што се случува. Опожарениот автомобил беше паркиран во дворот под настрешница од дрвена кострукција, така што доколку не се забележеше пожарот веднаш, пламените јазици ќе ја зафатеа и куќата, во која напоменувам дека во тој момент беше мојот брат со сопругата и 8 месечниот син. Мојот брат, моето семејство важат за мирни и скромни луѓе, немаат лош збор со никого ниту пак имаат непријатели, изјави Јаулески.

Нападот се случил вчера вечер околу 21 часот. Јаулески вели дека ова нема да го заплаши. „Напротив. ќе продолжиме уште поцврсто во она во што веруваме. И уште еднаш ќе потенцирам, очекувам органите на прогонот да ги најдат сторителите и најостро да се казнат, затоа што ова веќе не наликува на држава, наликува на некоја афричка држава од третиот свет која што нема ни систем на демократија, вели Јаулески-пратеник.

Инаку, пред 3 месеци припадници на финасиската полиција во ситни саати упаднаа во станот на пратеникот Јован Јаулески во Скопје и два и пол часа вршеле претрес поради наводни малверзации со земјиште кое го купила компанијата ЕВН Македонија. Тој како што самиот вели, мафијашки упад беше по политичка нарачка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје...

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....

Во пожар кај Кочани изгореа автобуси на плац

Според видеото кое се појави на дел од медиумите, синоќа избувна пожар на плац на излезот на Кочани, веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол”...

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...