26.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаШто се повеќе политичарите од граѓаните: Левица бара апанажа и за работниците...

Што се повеќе политичарите од граѓаните: Левица бара апанажа и за работниците !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ЛЕВИЦА БАРА АПАНАЖА И ЗА РАБОТНИЦИТЕ
Ја известуваме јавноста дека пратениците на Политичката партија Левица, како единствена автентична партија на трудот, која ги штити интересите на работниците, до Собранието на Република Македонија ќе поднесат Предлог – закон за изменување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, со кој ќе се овозможи обичниот работник да зема месечен паричен надоместок за време на привремена невработеност под еднакви услови како и т.н. апанажа, која им следува како КЛАСНА ПРИВИЛЕГИЈА на избраните и именуваните лица, т.е. на јавните функционери во државава.
На ваков чекор се одлучивме предизвикани од вчерашното неподдржување од страна на пратениците на Предлог-законот, поднесен од Левица, за укинување на апанажата на функционерите. Таквото дејстување на, условно кажано, најголемите политички партии, е само продолжение на статус-квото, а против начелото на социјална правда.
Дополнително, тоа нивно дејстување е недржавничко и претставува доказ дека за нив правата на обичниот работник за достоинствен живот се безвредни и единствена нивна партиска заложба е директна заштита на капиталот и привилегиите на мала група неспособни функционери.
Упатуваме апел до работниците и до синдикатите, јавно и отворено да го поддржат овој наш Предлог – закон и сметаме дека неговото поднесување е во насока на доследно почитување на уставното начело на забрана на дискриминација врз основа на имотна, социјална и општествената положба.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведен пијан 37-годишен Валандовец во Охрид.

На 03.08.2025 во 00:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од слобода го...

Тешко повреден малолетник од Скопје – Скокал од пристаништето во Охрид во 5 часот наутро !!

На 02.08.2025 година во 05,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека при скок од малото пристаниште во водите на Охридското езеро, со повреди...

Се огласија од СВР Охрид: Кај раперот Раста беше пронајдена опојна дрога !!

На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С....

Сопственик на локал во Виница физички нападнал полициски службеници додека вршеле контрола !!!

Нападнати полицајци при контрола во локал со малолетници и алкохол. Нападнати полицајци при контрола во Виница во објект кај Градскиот базен. 34-годишен угостител прво вербално,...