8.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСтојанчо Бојчовски: Солзите ми се најверен другар, и покрај тоа што сум...

Стојанчо Бојчовски: Солзите ми се најверен другар, и покрај тоа што сум парализиран потајно во себе и јас сакам да бидам татко и да имам свое семејство, но сета таа среќа му ја посакувам на мојот брат, без кого не можам да живеам.

spot_imgspot_img

Стојанчо е лице со попреченост, роден во Берово. Пораснал во селото Будинарци, во куќа стара и повеќе од двесте години. Цел живот се соочува со попреченост. Роден е со дијагноза детска парализа. Уште како мал бил изложуван на многу операции, а дел од животот поминал и во кома. По смртта на родителите, денес, живее со постариот брат, кој иако е здрав, сепак е невработен. Живеат само од приходот за нега, што Стојанчо го зема од државата. Но, тоа е доволно, ќе каже тој, само за да се намират сметките во месецот. Малку полесен живот имале кога биле живи родителите. Барем со пензијата од мајката можеле да купат нешто и за храна.

Животот на ова семејство бил подобар кога биле живи родителите на Стојанчо. Но, пред петнаесет години го губат таткото, а пред две години и мајката, па, денес бидејќи и брат му Игор е невработен, тие се принудени да живеат само со негата на Стојан, која е доволна само за да се платат сметките во месецот.

– Татко ми почина пред петнаесетина години. Мајка ми од нервози и стресови за мене и брат ми, не напушти пред две години. Сè беше полесно кога беа тие живи. Не земаше голема пензија, ама барем имавме да се прехраниме. Сега, брат ми е невработен, тука во Малешевијата нема многу избор и услови за работа. Се снаоѓа,копа компири, сече дрва, за да извади некој денар. Јас сум беспомошен и живеам од минимални средства кои државата ми ги префрла секој месец за нега. Па, зарем можеш да преживееш со 11.200 денари. Само сметките и лековите не можам да ги купам-вака ја започнува Стојанчо својата тажна животна сторија во емисијата „Срце на дланка“.

Нема подобрување ниту на здравствената состојба на Стојанчо. Како навлегува во петата деценија, така состојбата се повеќе му се влошува. За операција во странство му треба голема сума на пари, а и да се изложи на операција во нашата земја мора да потпише согласност, затоа што таа операција е ризична за неговиот живот. Но, тој храбро и смело ќе каже: „Утре да ми речат, без размислување ќе се согласам да се оперирам, па, и да не ја издржам операцијата. Зашто повеќе со солзи не се живее. Откога сум роден јас освен за солзи не знам за друго. Наместо на овие години да го фатиш каменот и да го скршиш, јас беспомошно чекам за корка леб од брат ми или другарите“.

– Ниту кога врне, ниту кога сонцето грее, јас не можам да излезам да го видам денот. Зависен сум од туѓа помош. Ако треба да појдам на лекар, ми помага таксистот. Ако треба да излезам некаде ми помага брат ми или другарите. Лошо се чувствувам. Беспомошно. Наместо на овие години да го земам каменот да ги скршам, јас, сум закован за кревет. Утре да ми речат дека може да ме оперираат, колку и да е ризична операцијата јас ќе потпишам со двете раце. Вака не се живее повеќе. Знам, Господ ќе ме чува. Ме чувал како мал, кога со месеци сум бил во кома, ќе ме чува и сега.


Како и секој млад човек и Стојанчо, кога бил помлад, посакувал семејство. Но, и сега, иако, потајно сака, свесен е дека само би бил товар некому. Затоа, целата среќа му ја посакува на брат му Игор, и се моли барем тој да создаде фамилија. Сепак, не е лесно да живееш во Малешевијата ќе рече Стојанчо. Работа нема ниту за здравите луѓе. Ако човек умее да се снајде и ќе преживее. Но, животот е навистина тежок.

– Би бил пресреќен барем брат ми да се ожени. Да создаде семејство. Но, како да се жени, кога нема ниту сигурна работа, ниту услови каде да донесе жена-тажно вели Стојанчо.

Стојанчо се смета себеси за несреќен човек, освен еднаш во животот кога на наградна лотарија во селото ги вложил последните сто денари, и, добил машина за перење алишта, со што ги спасил и рацете на мајка му, но, и денес рацете на брат му.

Сепак, тој за себе ќе каже дека е многу несреќен, и дека нема ден, посебно навечер, а да не се обвинува за ваквиот живот и да не се дружи со солзите.

Вербата, надежта и љубовта кон блиските се секогаш присутни емоции во животот на Стојанчо. Па, така тој секој ден наутро и навечер со молитви се заблагодарува што е жив и што Господ му дарувал иако со мачење, уште еден нов ден. Но, и се надева дека ако ништо друго брат му ќе се вработи и ожени, а, тој ќе добие покачување на приходот за нега, но, и шанса да направи операција, барем малку да си го олесни животот.

Со мал приход денес тешко им е да преживеат и здрави луѓе. Стојанчо било да треба да излезе да оди на доктор, било да треба да оди до бања или тоалет, не може да направи ништо без помош од второ лице. Па, затоа и изреволтиран ќе рече: Недај Боже во нашава земја да си инвалид. Тогаш си оставен сам на себе да се снајдеш за да преживееш!

Можеби не можеме да му помогнеме на Стојанчо да му се подобри здравствената состојба, но, и, тоа како можеме да му ја вратиме волјата за живот. Потребно е само храбар доктор да го прегледа и да му каже позитивни вести, дека сепак не е сè изгубено со неговото здравје. Потребно една скромна, но, стабилна работа за неговиот брат за да можат да преживеат и минимално реновирање на веќе старата и дотраена куќа.

Сите што сакате да му помогнете на овој немоќен човек, тоа можете да го направите на следниот телефонски број 078/292443 или на следната жиро-сметка:240217019204374 Уни Банка

Автор Оливера Петрушевска

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...