15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаСе бара изучување на албански јазик во Охрид– Таму се потпиша Охридскиот...

Се бара изучување на албански јазик во Охрид– Таму се потпиша Охридскиот договор, но нема ништо албанско

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Градот Охрид во државните институции не се користи албанскиот јазик, ниту таблите не се на албански, дури нема ни средно училиште на албански јазик.

<

Професорот Осман Османи вели дека како резултат на тоа многу Албанци заминале од Охрид и бројот на ученици за разлика од минатото е видно намален.
Бројот на ученици беше многу голем, имаше над 100, значи 3 или 4 паралелки имаше на албански јазик, но како што помина времето почна да се намали тој број и сега имаме 30 ученици. Тоа можеби е резултат на иселувањето за подобар живот. Намалувањето на наталитетот и елементот на Египќани по демострациите на 81, кога почна да се намали бројот, повеќето почна да учат на македонски јазик, секако во тоа имаше влијание и државата“, вели Осман Османи.

Албанците од Охрид инсистираа во охридската гимназија да се отвори барем една паралелка на албански јазик, но нивното барање никогаш не беше исполнето.

Бевме група активисти кои баравме во училиштето една паралелка од средното струшко училиште да се отвори и во Охрид, поради тоа што условите претходно беа полоши, јас настојував, но за некои работи е потребен поголем ангажмани, и не успеавме во тоа“, порача Џеладин Емини.

Есат Аслани е револтиран поради тоа што Рамковниот договор не се спроведува во сите градови каде има Албанци.

„Сите граѓани се револтирани од тоа што се случи по Рамковниот договор, со правата кои ни следуваа на нас каде живеат над 20% Албанци, тоа не е спроведено, Охрид, Ресен, Прилеп се оставени во заборав, има доволен број на Албанци, но не дозволија албанскиот да биде службен јазик во државно ниво“, вели Есат Аслани.

Според Пописот од 2002, во Охрид живееле 2 959 Албанци, но колку од нив се уште живеат таму ќе дознаеме по објавувањето на резултатите од пописот кој се одржа минатата година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...