15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаКумановци со јајца ја нападнаа куќата во која се доселија припадници на...

Кумановци со јајца ја нападнаа куќата во која се доселија припадници на еврејската група Лев Таор. (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сакаме да се чувствуваме безбедно но луѓето доаѓаат тука и фрлаат врз нас- изјави за Телма еден од припадниците еврејската религиозна група Лев Таор кои се сместени во две куќи во Куманово. Врз едне од објектите синоќа биле фрлани јајца и тврди предмети, а траги од тој напад на локалното население се уште имаше и утрово.

<

Траги од фрлени јајца се уште беа пред една од куќите во кои престојуваат припадници на еврејската група кои од четврток се наоѓаат во Куманово. Синоќа поголема група млади се собрача пред куќата и викале кон дојденците, а фрлале и со јајца и камења кон објекетот, сведочеа за Телма, дел од соседите кои не сакаат да дадат изјава пред камера. Дури била искорната и влезната метална порта, која денеска е повторно заварена. Еден од припадниците на оваа еврејска религиозна група ја отвори вратата на куќата и поразговара со новинарката на Телма. Првото прашање е дали се чувствуваат безбедни.

Припадник на групата Лев Таор: Сакаме да се чувствуваме безбедно, но во овој момент не знам како да чувствувам безбедно бидејќи луѓето доаѓаат тука и..

Телма: Што планирате во иднина. За утре?

Припадник на групата Лев Таор: За утре. Што планираме. Јас разбирам да не не сакаат, ама да доаѓаат тука и да фрлаат тука по куќата. Тоа е…

Телма: Каде бевте претходно, вистина ли е дека сте биле во Босна?

Припадник на групата Лев Таор: Да. Мислам дека е подобро да направите интервју со Уриел по телефон. Ви благодарам.

Бројот кој ни го дадоа за да контактираме со Уриел Голдман беше исклучен.

Бројот беше со националната ознака на Гватемала. Според полициските информации, дојденците стигнале во Куманово во четвртокот попладне. Пријавиле престој со своите американски, канадски и гватемалски пасоши. Проценката која ја правеле службите е дека не се опасност по националната безбедност.

Сместени се во две куќи, во една се мажите, во друга се жените и децата. Еден од нивните водачи Голдман тврди дека е во Канада и за Телма преку Ватсап комуникација потврди дека се припадници на групата Лев Таор, контроверзна еврејска религиозна група чии припадници постојано се селат од една во друга држава.

Во САД дури имало и истраги за злоупотреби на деца и заробување, но Голдман во разговорот по Ватсап тврдеше дека се мирољубиви и дека живеат според традиционалните еврејски религиозни правила.

Се облекуваат традиционално што предизвика непотребна вознемиреност во Куманово, па дури и напади и малтретирање на мажите кои се сместени во една куќа. Од полицијата во Куманово ни одговорија дека нападите со јајца и камења како и оштетување на приватен имот не се пријавени.

Миомир Серафиновиќ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...