20.5 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаАгатангел ВМРО-ДПМНЕ ја нарече најсвета партија, за Милевски изјавата на Владиката ...

Агатангел ВМРО-ДПМНЕ ја нарече најсвета партија, за Милевски изјавата на Владиката е „срам за црквата и народот“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владиката Агатангел уште во придружба на градоначалникот Митко Јанчев, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и други свештени и цивилни лица, во Кавадрци прво побара „ова свето место“ да се исчисти од муви и оси за да даде добар род, а потоа повика Божја помош и за партискиот лидер кој го придружуваше во закројувањето на лозјето.

<

„И затоа примајќи ги овие свети молитви од овие наши дедовци и прадедовци јас длабоко од душата и срцето верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсвета партија ВМРО-ДПМНЕ, господинот Мицкоски, се ова што го дадовме, верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него, а потоа и со божја помош. Јас верувам дека Бог, спасителот наш Исус Христос, мајката божја Богородица, која е заштитничка на оваа света македонска земја, ќе му помогне него и на сите негови соработници на се она што е наше свето македонско, национално, ќе го вратиме назад и нема да дозволиме некој кој не ја чувствува Македонија национално да ја одредува судбината на нашата света земја“,рече владиката.

На неговиот говор реагираше министерот за локална самоуправа, Горан Милески, кој присуствуваше на настанот како претставник на Владата.

Милевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ од ова направила партиска прослава, а за Агатангел кажа дека ја „извалкал мантијата“ и е срам за црквата и народот.

-Им го честитам Св. Трифун на сите православни христијани и на сите лозари им посакувам успешна и плодна година. Жалам што оваа манифестација се претвори во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и што се сведе на еден вулгарен настап. Владиката Агатангел го навреди голем дел од македонското население и ја извалка мантијата под која што е. Да беше свесен што зборува, немаше да го каже. Господинот Агатангел, ако може да се нарече господин, е срам и штетник за црквата и од МПЦ треба да размислат кого испраќаат на вакви настани, рече Милевски од плоштадот во Кавадарци.

Според него, како што „црвите и мувите се штетни за лозарите, така и Агатангел наштетува“.

-Го величеше лидерот на опозицијата Мицкоски. Ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се гордее со неговата поддршка, тогаш нека му е на чест, рече Милевски за контроверзниот говор на владиката.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...