20.7 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаПале стравува за својот живот откако е ослободена- Колега на убиениот полицаец...

Пале стравува за својот живот откако е ослободена- Колега на убиениот полицаец сака да ја одмазди неговата смрт

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Хелсиншкиот комитет за човекови права апелира до јавното обвинителство веднаш да покрене постапка по допрен глас, откако сега ослободената Пале Илоска, која во самоодбрана го уби својот невенчан сопруг Александар (40) кој физички ја малтретирал со години, вчера во судница сведочеше дека колега на полицаецот сакал да ја одмазди неговата смрт.

<

Од Хелсиншкиот комитет до обвинителството апелираат со ваквото отворање постапка по допрен глас да превенираат понатамошно насилство врз една долгогодишна жртва која не добила заштита од институциите.

Хелсиншкиот комитет ја поздравува денешната одлука на Основниот суд Велес да ја ослободи Пале Илоска од обвинение за убиство во миг.

Водејќи се од изнесените докази на главната расправа, судот констатираше дека делото е направено во нужна одбрана и ја потврди оправданоста на нашите залагања за промена во обвинението поради историјата на насилство во овој случај. Комитетот и понатаму ќе ја следи постапката и ќе бара одговорност од полициските службеници од СВР Велес, кои со своето непостапување по сите пријави за семејно насилство грубо ги прекршиле своите законски овластувања и овозможиле ескалација на насилството, велат оттаму.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кривична пријава против две лица кои му се заканувале на пратеник од Струга

Поднесена кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како што соопшти Министерството за...

Прав играорец: Али Ахмети заигра оро на свадба во Кичево

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше дел од веселбата на свадба во Кичево, каде што не одолеа на ритамот на зурлите и тапаните. Во...

Се уште трае потрагата по Теодора, семејството бара поголем ангажман од надлежните институции

Семејството на Теодора Бабарчиќ моли за било каква помош за пронаоѓање на 16-годишна ќерка Теодора Бабарчиќ која во четвртокот попладне исчезна во водите на...

Се судрија мотоцикл и трактор во Штипско: тешко повреден 15-годишник

Вчера околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван...