14.9 C
Ohrid
сабота, септември 13, 2025
ПочетнаМакедонијаНовинар и снимател нападнати со секира во Гостиварско.

Новинар и снимател нападнати со секира во Гостиварско.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага за денешниот напад кон нашите колеги од ТВ Полог, Тетово.

<

Имено, денеска за време на снимањето инсерти за репортажа од основното училиште ,,Наим Фрашери” во село Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, Гостиварско околу 14:00 часот новинарот Неври Адеми и снимателот Збулим Максути, вербално а потоа и физички биле нападнати од страна на едно лице.

Според изјавите на нашите колеги, за потребите на репортажата за спроведувањето на проектите во училиштето додека тие снимале во училиштето Бурхан Хамити им се обратил со вербални навреди и закани, при што го фатил снимателот за глава и го туркал по скалите во училиштето.

ЗНМ веднаш контактираше со новинарот на ТВ Полог Неври Адеми и тој ни потври за овој инцидент и ни даде конкретни информации дека: ,,Додека снимавме и работевме на репортажата со колегата снимател Збулим, ни се доближи лицето Бурхан Хамити и откако ни се обрати со погрдни зборови, го фати колегата за глава и го буткаше по скали. Потоа слезе во училишниот двор и почна да не брка со секира. Ние брзо влеговме во автомобилот и се упативме до полициска станица да го пријавиме нападот,а напаѓачот цело време не следеше со неговиот автомобил дури до селото Неготино, гостиварско,“ изјави Адеми.

ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот. Потенцираме дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Враќањето на името Македонија тема на дискусија во Собрание, еве што одговори премиерот Мицкоски

На денешната седница бр. 68 на Собранието, пратеникот Скендер Реџепи упати прашање кон премиерот Христијан Мицкоски, објави 4NEWS.mk Реџепи го праша премиерот дали државен интерес...

Комбе со работници излетало на експресниот пат Штип – Радовиш, има загинати и повредени!

Утринава комбе што превезувало работници излетало од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип – Радовиш. Според првичните информации, во несреќата има загинати...

Марина од Неготино: Од трактор на село, до шлепер низ Европа

Марина Николова (38) од селото Пепелиште, Неготино, е една од ретките жени во Македонија која управува со шлепер и професионално вози низ Европа. Животот на...

Обвинетиот за Кочани, Шабан Салиу со зурли и тапани ја објави кандидатурата за градоначалник!

Вчера вечер министерот без ресор, Шабан Салиу, кој е обвинет за трагедијата во кочанската дискотека Пулс, ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина...