27.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаСветХакерскиот напад во А1 Хрватска го извршило момче кое учи во основно...

Хакерскиот напад во А1 Хрватска го извршило момче кое учи во основно училиште.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Хрватската полиција го уапси хакерот кој украде податоци од 100.000 корисници на А1 Хрватска и бараше откуп од 500.000 долари во криптовалути. Се работи за малолетно лице од Славонски Брод, а според полицијата податоците на корисниците не биле злоупотребени.

<

– Полицијата досега нема добиено информации дека се злоупотребени податоците на корисниците, изјави во Славонски Брод, началникот на Службата за кибер-безбедност при Полициската управа, Ренато Гргуриќ. Тој рече и дека засега со случајот како помошник се поврзува лице од странство.
Без оглед на тоа што е малолетник, во овој момент веќе има доволно докази кои укажуваат на основано сомнение дека е сторител. Наскоро ќе биде поднесена кривична пријава до државниот правобранител за млади, истакна Гргуриќ.

Порталот Индекс објави дека имаат неофицијални информации оти малолетниот хакер оди во основно училиште. Полицијата го класифицира под категоријата малолетник, што е поим кој вклучува тинејџери на возраст од 14 до 16 години.

– Ниту еден систем не е совршен, имаше неколку случаи на прекршување на системот. Секој таков хакерски напад е добра причина компаниите да ги подобрат своите системи за заштита, објасни Гргуриќ.

Тој додаде дека минатата година е забележан пораст од 25 отсто на компјутерски измами и хакерски напади.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...