26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаБугарскиот Антимакедонски нацист Џамбаски, со Нацистички поздрав од Европарламентот.

Бугарскиот Антимакедонски нацист Џамбаски, со Нацистички поздрав од Европарламентот.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На дебатата во Европскиот парламент во Стразбур, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, познат по антимакедонските ставови и гласен поддржувач на ветото за почеток на преговорите, предизвика скандал со нацистички поздрав пред да си замине од пленарната сала за време на расправата за владеењето на правото во Полска и Унгарија.

<

Џамбаски претходно ги нападна своите колеги во европарламентот и застана во одбрана на владејачките партии во Полска и Унгарија, пред да ја „поздрави“ потпретседателката на ЕП Пина Пичерно, која во тој момент претседаваше со пленарната сесија.

„Нема никогаш да се согласиме со вашата агенда, агендата на сите што сакаат да ја уништат Европа трансформирајќи ја во нешто друго. Да живеат Фидес, Качински, Бугарија“, кажа Џамбаски.

Пичерно набрзо потоа твитна дека веднаш го осудила потегот на Џамбаски и побарала да биде санкциониран.

„Европскиот парламент е жив споменик на демократијата против варваризмот на нацифашизмот“, напиша таа.

МНР УПАТИ ПРОТЕСТНА НОТА ДО БУГАРИЈА ЗА ВИДЕОТО НА ЕВРОПРАТЕНИКОТ АНГЕЛ ЏАМБАСКИ ВО КОЕ ВЕЛИ МАКЕДОНИЈА Е БУГАРСКА
ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Е ДЛАБОКО ЗАГРИЖЕН И ПОБАРА ОД БОРИСОВ ДА ГО ОСУДИ ВИДЕОТО НА ЏАМБАСКИ
Џамбаски да биде санкциониран побара и Манфред Вебер, претседавачот на ЕПП, најголемата групација во европарламентот.

„Во име на ЕПП, ова го осудувам најстрого можно. Ова е спротивност на сè што значи Европскиот парламент и бараме веднаш да бидат изречени санкции“, твитна Вебер.

Џамбаски е член на ВМРО-БНД и на групацијата ЕЦР во европарламентот, составена од претежно десничарски партии, како унгарската Фидес, полската Закон и правда и шпанската Вокс.
Пишува: Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...

Пожар ноќеска во Кочани-Сопственикот е родител на починат во Пулс.

Ноќеска во пожар изгореа автобуси на плац на излезот на Кочани веднаш до бензинската пумпа “Авто Петрол” кај Оризари, објави Гласно.мк. Засега не се познати...

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје...

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....