17.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаЧленовите на Лев Тахор со поплака: Во Скопје не држат како во...

Членовите на Лев Тахор со поплака: Во Скопје не држат како во Гето, жените наши смеат да излегуваат а ние НЕ..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ако треба да нè приведат, тогаш е логично да бидеме приведени. Ако не треба да бидеме приведени, зошто нè држат како да сме приведени? Имаме право да останеме 90 дена во земјата, но полицијата ни кажа дека го имаме тоа право, но под строга контрола. Не ни даваат да се движиме, нè чуваат во гето, под контрола – сведочат од групата.

<

Нè држат во хотел како еден вид на гето, каде што правилата ги носат полицајците. Има секакви видови полициски групи, добиваме секакви пораки, наредби, како на пример на улица можеме да излеземе само кога е неопходно, а тоа може да го сторат жените, но не и мажите, велат од Лев Тахор за ТВ 24, притоа додаваат дека имаат притисок од сите страни, но најмногу од полицијата.

Од групата додаваат дека при секое напуштање на хотелот тие мора да се пријават, заради која причина, каде ќе оди, а исто така да се даде и бројот на пасошот.

Не смееме да се среќаваме со надворешни лица, особено не со медиумите и не смееме во хотелот луѓе од медиумите да зборуваат со нас. Исто така не смееме да шетаме во лобито и да дозволиме другите луѓе да не гледаат. Можеме само да бидеме во собите и во ресторанскиот дел, но ништо повеќе – сведочат од оваа група која привлече големо внимание со своето пристигнување во Македонија.

Хотелот им е веќе прескап да го плаќаат, бараат куќа за да можат да се сместат со семејствата, но сите каде што ќе се јават ги одбиваат со извинување дека не можат да им издадат сместување поради притисоци.

– Каде и да се јавиме да изнајмиме куќа или стан им пристапува полицијата и ги прашува дали се спремни да нè прифатат, им поставуваат секакви услови и поради тоа се откажуваат да нè примат кај нив, што е многу разбирливо, исто како во куќата во Куманово. Секаде околу нас имаше полиција со ротациски светла и нè превезуваа како да сме приведени – вели претставничката на Лев Тахор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...